Дробилка на електричен погон
“Е“, последната буква од името на сликовит начин ја прикажува трансформацијата која е извршена над класичната дробилка – наместо силината да ја испорачува дизелски агрегат postoi mo`nost тоа da го прави електромотор
Сега со сигурност можеме да поврдиме: конструкторите на Metso размислуваат алтернативно. Наместо познатиот дизел CAT C13 кој за потребите на Lokotrack Metso го купува од Caterpillar, сега за погон на мобилната дробилка, силината може да ја испорачува електромотор. Добро, шестцилиндарскиот линиски дизел од 12,5 литри е монтиран но сега може да има улога на генератор на електрична енергија. LT1213(S)E овозможува корисниците да бираат потполно независен погон преку дизел агрегат, или на локациите каде електричната енергија е достапна, приклучување и погон на електрична енергија. Дополнително доколку електричната мрежа нема доволен капацитет, со едноставен преклопник се активира дизелот кој генерира доволна енергија за непречена работа на дробилката.
Дробилката и покрај повисоката тежина (околу 11t) ги задржува сите квалитети во однос на подвижноста и едноставниот транспорт.
При ваков двоен извор на електричната енергија, бенефитираат сигурноста и ефикасното извршување на поставените задачи. Притоа можеби е пореално да се говори за зголемена флексибилност и прилагодливост спрема дадените услови на работа.
Дизел vs електрика
Во случајот на касичен погон, дизел моторот ослободува 415 КС додека во улога на генератор тој е подесен на излезна моќност од 450 kVA. Погонскиот електромотор работи на напон од 400 до 460 V, кој се конвертиран на фрекфенција од 50 до 60 Hz.
Познато е дека контролата врз електричната сила е многу поедноставна отколку врз механичката. Тој факт конструкторите на Metso го ставиле во функција на порамномерен старт, потоа за регулирање на јачината на ударите спрема моменталните потреби како и помирно сопирање на работата.
Нов погон, препознатлив карактер
Без разлика дали се работи за базичната (дизелска) или електричната верзија, Lokotrack воопшто не го менува својот докажан и препознатлив карактер. Компактната мобилна дробилка има капацитет за преработка на 400 t/h, волуменот на корпата за дробење изнесува 6 m3, со отвор за прифаќање на материјалот со димензии (2.600 x 3.800) mm. Секцијата за дробење ја сочинува Nordberg NP1213M, која има пречник на роторот од 1.200 mm.
Како посебност на Lokotrack LT1213(S)E се истакнува страничниот радијален транспорт. Тој со корпата е порзан преку главната транспортна лента (максималана широчина од 1.200 mm) на која е хидраулично прикачен.
Движењето на машината се одвива преку гасеници чии осовини се оддалечени на растојание од 4.030 mm. Во однос на траспортните карактеристики корисно е да се знае дека димезиите на дробилката подготвена за транспорт изнесуваат (19.4 x 2.98 x 3.60) m.
Со производството на мобилна дробилка која работи на електричен погон а може да користи два независни извори за напојување, Metso уште еднаш покажува визија и лидерство во оваа индустриска гранка. Првите примeроци на мобилната електрична дробилка, Lokotrack LT1213(S)E се веќе испорачани а резултатите се и повеќе од одлични.