Mack LR BEV

За попријатен сон

► Непријатното будење со бучавата на камион за ѓубре полека но сигурно ќе стане минато

Ноќе пулсот на секој градот забавува, луѓето одат на спиење. Но некој токму тогаш мора работи – комуналните служби, на пример. А мора да признаеме, нивните возила се доста бучни. Благодарејќи на новите електрични камиони, живеењето во урбаните средини ќе стане доста попријатно кога по улиците тивко и без загадување ќе се движат само електрични возила, посебно ноќе. Volvo Truck беше еден од првите производители што лансираше електричен камион. Неговата технологијата сега го „преплива“ Атлантикот и Mack Trucks, кој е во сопственост на шведската група, го подготви електричниот ѓубреџиски камион од својата LR серија. Тој сé уште е прототип, но се знае дека сериската верзија ќе биде задвижувана од два електромотора со континуираната моќност од 349 KS и вртежен момент од 5.500 Nm. Капацитетот на четирите литиумски батерии кои работат на напон од 600 волти не е објавен, ниту пак колкава автономија ќе овозможуваат. Место тоа, Mack наведува дека на овие камиони нема да им биде потребна замена ма маслото и слични други сервисни услуги што ги налага редовното одржување, кои кај специјализираните дизел камиони кои поминуваат мал број километри значително ги зголемуваат трошоците за експлоатација. Но и без тие податоци градот Њујорк реши да биде меѓу првите што ќе ги ангажира, засега само заради нивно тестирање во реални услови.