Makita DCU180 – моторизирана рачна количка

Рачна количка од 21. век

Рачните колички кои одамна ги употребуваме за разно разни потреби сега добиваат и своја моторизирана изведба

Нив треба да ги има во секоја домаќинска куќа. Секако, и на секое пристојно градилиште. Се разбира дека говориме за пачните колички кои се незаменливо средство за транспорт на материјал како во домаќинствата така и на помалите но и големите градилишта. И тука нема што повеќе да се додаде, ниту пак да се подобри функционалноста. Но, конструкторите на Makita размислуваат малку поинаку. На пример, што со корисниците кои немаат доволна силина во рацете за да пренесат со количка одреден материјал? Кога ќе се постави такво прашање на маса, а кога располагате со технички потенцијал кој решавал многу покрупни задачи, одговорот се наметнува сам по себе. Се што останува е техничка реализација на замислата.

Не е потребна голема генијалност за да ви падне на ум дека денешната технолгија на производство на батерии може да покрене ефикасен електромотор кој би дошол како замена на човековата физичка сила. Замислено, сторено. Резултатот е моторизирана количка која се движи со помош на електромотор сместен на предното тркало. Велиме предното поради тоа што оваа количка, за разлика од класичните, во задниот дел наместо држачи има уште еден пар тркала. Сега веќе е јасно дека корисникот не мора ниту да подигнува товар ниту пак треба да ја турка количката. За тоа е задолжен ефикасен електромотор кој енергијата ја црпи од сет литиум јонски батерии со номинален напон од 18V.

За практичноста на целиот склоп се грижи варијабилен пренос со два степени а за комплетирање на впечатокот тука е и преносот за движење наназад. Брзината на движење може да се подеси да биде константна и тоа без разлика дали количката се движи по рамен пат или на нагорнина (совладува нагиб од 12 степени). Максималната носивост на моделот DCU180 изнесува околу 130 kg, и тоа без разлика дали на количката е монтирана една од двете можности – класична корпа или носечка решетка. За избегнување на неконтролирано движење на електричната рачна количка вградена е сопирачка која освен првобитна задача има и функција на „рач на сопирачка“. За да биде се во стилот на современите текови, сопирачката е изведена со диск. Не е заборавено и на вградување на две LED светла кои служат за подобрување на видливоста пред количката при недостаток на природна светлина.

При конструкцијата е водено сметка и за практичноста. Преклопувањето на задниот пар тркала е изведено поради движење на меки терени каде што количката може да заглави. Поради олеснет превоз предните рачки можат исто така да се склопат нанапред со што се намалува габаритот на количката така да таа може лесно да се смести дури и во багажникот на автомобил. Од таблицата на технички карактериситики дознаваме дека во случај на вгардена батерија од 6.0Ah (BL1860B) количката може да се употребува до 120 минути, движејќи се притоа со брзина која достигнува 1.5 км/ч. Makita размислува на свој начин ставајќи ја практичноста и употребливоста на прво место. Задоволството останува на корисниците.