Marini BE Tower

Нов член во Marini семејството

► Новата генерација Marini aсфалтни бази е дизaјнирана да ги комбинира традиционалните карактеристики на перформанси и технологија, со нови високи нивоа на леснотија при работата и одржувањето, притоа задржувајќи ја едноставноста


Fimako Bomag - Marini Be Tower-04

Целосно нов концепт на дизајн

Најновиот член на фамилијата Marini, е серија од асф. бази со капацитет до 160 т/час, и е нов додаток во споредба со веќе широкo познатите eTower асфалтни бази (од 160 до 200 т/час) и Top Tower базите (преку 200 т/час).
Во новата BE Tower база може да се најдат многу од решенијата кои доведоа до успех на Top Tower и eTower базите, особено ефикасната компактна сушара-филтер кула, која гарантира значителна заштеда на енергија, презентирана во новиот излгед со цел понатамошни подобрувања во управувањето на базите и намалување на просторот за монтажа.

Клучен збор: суштина

Едноставна и неопходна: идеалната асф. база за клиенти на кои им е потребно производство на асфалт и поставување на истиот за најкратко можно време, без разлика на далечината до местото на испорака.
Модуларнот дизајн, дури и во основната верзија, ги овозможува сите потребни основи за управување и производство на асфалтни мешавини. Одлична за клиенти кои бараат најмодерна база без да ја изгубат сигурноста и предностите на традиционалните асф. бази.

Ефикасен транспорт и ултра брза монтажа

Fimako Bomag - Marini Be Tower-02BE Tower базата го нагласува концептот на преносливост со своите контејнер модули, што го прават транспортот брз, лесен и економичен – и исто така посигурен. Сите делови/компоненти се заштитени од атмосферски влијанија, случајно оштетување и кражба.
Друг клучен фактор на оваа асф. база е брзата монтажа и спремност за работа, со значителни намалувања на трошоците за производителот, благодарејќи на пре-каблирањето на електриката за секој поединечен модул и филтер над сушара концептот, кој ги нуди следните предности:

  • пo намалување на бараниот простор за монтажа (до 40% помалку простор споредбено со традиционалните бази каде сушарата, филтерот и филерот се поставени на земја)
  • полжавестите транспортери се на земја
  • цевките за издувни гасови (кратки и интегрирани во модулите)
  • метална база (основа) за да се скратат трошоците за градежни работи

Fimako Bomag - Marini Be Tower-03

Екстремна флексибилност и лесно одржување

Оваа лесно управлива база има удобни места за прецизно, брзо и комплетно сигурно одржување, проверка и сервис.
Создадена за да го намали потребното време за обука на ракувачите, базата е лесна за употреба и деноноќно работлива. Создадена е со грижа и произведена со високо квалитетни, издржливи материјали за константни работни режими.

Опции и сетови за комплетирање на барањата

Fimako Bomag - Marini Be Tower-05Во секој даден момент, без разлика кога ќе се појави потребата, дополнителна опрема е можно да се вгради, како RAP системот за рециклиран асфалт (директно во миксерот до 40%), како и сетот за производство на топол асфалт, и уште многу други опции.
Базата може да биде опремна со силоси за готов асфалт под мешалката или покрај неа.
Контролната кабина е опремена со високо квалитетни, издржливи компоненти, како што е индустрискиот компјутер кој може да работи под секакви температури и е заштитен од прашина. Софтверот е целосно сигурен и веќе добро тестиран и докажан (Cybertronic 500), кој може да биде модифициран и ажуриран брзо и ефтино.

Зошто новата BE Tower е базата за Вас

BE Tower базата е дизјанирана од Marini да гаранитара солидни нон-стоп перформанси, и во исто време да понуди збир на најнова технологија и иновација каде одржувањето на истата е лесно за ракувачите.
Без да се каже, базата нуди одлична пазарна вредност, со своите ниски вкупни трошоци за сопственост, конкурентната продажна цена со малиот трошок за транспорт, монтажа и одржување. Таа е со сигурност високо квалитетна, гарантирана Marini база, која нуди сигурна и профитабилна инвестиција.

Технички податоци
BE Tower 2000 – E 180 2000 P – E 206
Сушара (барабан) тип E 180 E 206
Должина 8.5 m 8.5 m
Дијаметар 1.8 m 2.06 m
Филтер вреќи
Површина на филтерот 525 m² 672 m²
Силос за повратен филер  (веднаш под филтерот) 22 t 26.5 t
Кула за мешање
Прегради под ситото 4 или 5 прегради
Вкупна површина на ситото 20.8 m² (5 sel)
Капацитет на чување на топол агрегат 20 t или 52 t
Капацитет на миксерот 2.000 kg
Производство при 3% влажност (ΔT 140°C) 150 t/h 160 t/h
Производство при 5% влажност (ΔT 140°C) 120 t/h 160 t/h
Силос за готов материјал / прегради
  • директно празнење во камион
  • под миксерот, 1 x 30 t;
  • под миксерот, 2 x 30 t;
  • под мискерот, 2 x 70 t;
  • странично, со 2 прегради 36+45 t