Експлоатацијата како основна дејност
Кавадаречкиот холдинг Машинокоп, кој практично претставува континуитет во работењето на порано надалеку познатиот АД Рудкоп од Кавадарци, опремен со широк спектар на работни машини успева лесно да се справи со експлоатацијата на површински и подземни рудни богатства
Ја имаме среќата нашата држава да е богата со минерални богатства кои пак се основен материјал во многу гранки од индустријата. Проблем е што тој руден материјал понекогаш се наоѓа на површината а уште почесто во длабочината на земјината утроба. И во двата случаја за ефикасно ископувања на тоа благо е потребен специфичен машински парк и тесно поврзано со тоа, стручни екипи кои раководат со истата таа механизација.
Токму како сервис на големите површински и подземни ископи на минералите се бави Машинокоп, приватна фирма со седиште во Кавадарци. Всушност секаде каде што е потребно померување на теренот тука се присутни екипите на кавадаречката фирма.
Во богатото портфолио на Машинокоп се присутни извршени работи во сите републики од бившата федерација. Започнувајќи од рудникот за ураниум ЖИРОВСКИ ВРВ во Словенија, преку рудниците за јаглен КАКАЊ, БРЕЗА, СРЕБРЕНИЦА, ГАЦКО, ВИШЕГРАД, сите во Босна и Херцеговина, па се до БОГОВИНА од Србија. Набројувањето на работните локации во Македонија ќе одземе поприличен простор, само ќе напоменеме дека практично не постои рудник, брана, каменолом или некој патен правец на кој екипите на кавадаречкиот холдинг не биле ангажирани.
Во стекнувањето на довербата кај партнерите секако свој удел има и техничката опрема која вклучува: електрични багери, хидраулични багери, електрични и хидраулични бушилки, стандардни дампери, зглобни дампери, гумени ваљаци, железни ваљаци, ваљаци (гума, железо), булдожери, дозери, грејдери, камиони-кипери, натоварни лопати, камион за транспорт на бетон, камион-пумпа за бетон, … Исто така компанијата располага со мобилни дробилки за преработка на неметаличен камен, вклучувајќи го производството на истиот до најситни фракции кои понатаму се користат во процесите за асфалтирање, тампонирање и бетонирање.
Но тука не завршуваат активностите на Машинокоп. Тие се исто така специјализирани и за изведување на минерски работи, промет со експлозивни материи за стопански активности во рударството и градежништвото како и изградба на објекти.
Последната активност заедно со техничко испитување и анализа, и подигање на згради спаѓаат во споредните активности на компанијата. Но од друга страна, во рамки на овие дејности работи и песокара за сепарирани фракции со капацитет од 60 m3/h, потоа бетонска база со капацитет од 65 m3/h, тубиера за производство на бетонски цевки за фекална канализација од ф150 до ф1000, каменолом за дробен камен (дијабаз) со капацитет 80 m3/h, како и асфалтна база со капацитет од 100 t/h.
Во областа на рударството на Машинокоп како што истакнавме погоре, му се доделени работни задачи во повеќе каменоломи и рудници низ Републиката, а му се доверени и специфичните работи на браната Кнежево-Злетово. Очигледно станува збор за колектив со силна механизација кој зад себе остава резултати во површинска и подземна експлоатација во рудниците и каменоломите во Р. Македонија и странство.
Од актуелните ангажмани Машинокоп денес е вклучен во реализација на површинскиот коп БУЧИМ Радовиш, Ржаново-Фени индустри и РЕК Битола, а во Брод-Гнеотино за ископ на руда и јаловина. Во зависност од побарувањата на инвеститорот, Друштвото има капацитет за прерботка на 5-10 милиони метри кубни во текот на годината. Исто така компанијата годинава почна со реализација на проектите во Р. Македонија како што се: пробивање, и проширување ана патичтата проширување и на патишта, ископ на песок, чакал, камен како и други рудници за металични и неметалични суровини. Заради специфичностите на холдингот го пренесуваме профилот на компанијата во чиј состав се наоѓаат: Елта – 96 Кавадарци и Машиноградба Кавадарци.