Maxam пневматици

Вредност и извонредност

Maxam пневматици, со седиште во Бирмингем, Велика Британија и со канцеларии во Данверс, САД, има посветен тим на квалификувани инженери за продукти, апликации и производство. Тие при развивање на процеси на производство истовремено дизајнираат пневматици, користејки притоа најсовремени уреди и опрема за производство на целата линија, Maxam.

Maxam цврсто верува дека „квалитетот ја придвижува продуктивноста“, не само на ниво на производство, каде што најновите системи за контрола на квалитетот обезбедуваат најдобар квалитет на производот, туку и во логистиката, администрацијата, планирањето и дистрибуцијата. Верувањето на Maxam е дека задоволството на клиентите е крајната цел и води кон квалитет, иновативност, продуктивност и е крајно профитабилно. Пневматиците Maxam не само што се произведуваат според ISO 9001, туку се дизајнирани според најстроги стандарди.

Искуства

Пневматиците Maxam се произведуваат во најсовремени фабрики, користејќи материјали со врвен квалитет и најнова опрема и технологија. Строгите контроли за квалитет ја опфаќаат секоја фаза од процесот на производство, од тестирање на суровини до финална проверка на готовиот производ.

Maxam работи преку тим на дилери, стратешки лоцирани на клучните пазари низ целиот свет. Овие компании имаат огромно искуство во областа на специјалните пневматици, особено кога станува збор за дистрибуција, услуги, продажба и логистика. „Знаеме дека прекинувањето на работниот процес е трошок за нашите клиенти, затоа нудиме пневматици со највисок квалитет, поткрепена со првокласна услуга“ – истакнува производителот. Повратните информации од клиентите се од суштинско значење за развој на асортиманот на Maxam, кој постојано се следи за да се обезбеди пневматиците да продолжат да ги исполнуваат променливите потреби на клиентите од целиот свет.

Од 2011 година, Maxam пневматиците се дел од глобално признатиот Sailun Group – еден од водечките топ 20 производители на пневматицит во светот.

Развој

Maxam произведува пневматици за потребите на голем број специјализирани апликации – офро-уд, индустриски, градежни и земјоделски. Меѓу најпопуланите производи на нашиот пазар се моделите MS 301, MS 701 и MS 903. Покрај тоа, Maxam нуди специјализирана услужна област за да им овозможи на крајните корисници да наведат решенија на пневматици за нивниот бизнис.

Имајќи го ова предвид, Maxam неодамна ја создаде цврстата OTR гума, MS708. Првиот од ваков вид во светот, MS708 е револуционерен нов производ за повеќето OTR и градежни апликации. Карактеристики на MS708: нема потреба од оддржување на цврста конструкција, долготраен век на траење, отпорност на греење, супериорна отпорност на абење, помеко возење, самочистење кога се вози низ растресит терен.

Потребата за постојан, сигурен и неуништлив пневматик за ‘директно докажување’ во екстремни апликации, како што се станици за пренесување на отпад, постројки за рециклирање, дворови од старо железо, е многу важна во обид да се минимизира времето на застој и да се подобри продуктивноста. Новата линија на Maxam, MS708 Solid OTR е дизајнирана за постојаност при работа во најтешките отпади, рециклирање, депонии и рударски апликации.

Новиот MS708 се здобива со популарност во широк број на апликации на терен заради екстремна издржливост, супериорен квалитет на возење и значително поволен однос, трошок по работен час. Дизајнерските решенија на MS708 резултираат со нулто одржување, непрекината продуктивност, без издишувања, без прекинување на машината, без деформации, без проверка на притисокот на воздухот и без трошоци за пополнување со пена.

Agrixtra 85

Понатамошна иницијатива е неодамнешниот развој на палетата на Maxam земјоделски гуми – Agrixtra – сега достапни како пет специфични линии на производи кои опфаќаат огромен спектар на апликации за земјоделство: Agrixtra 85, Agrixtra 70, Agrixtra 65, Agrixtra XL и Agrixtra H.


Flotxtra

Комплементарен во опсегот Agrixtra е Flotxtra – MS961R нуди Оптимална заштита на почвата, одлична странична стабилност, издржливост, голема километражата и безбедност.