Mercedes-Airbus

Од Талин до Штутгарт за 11 дена

Звучи како невозможна мисија, ама е вистина

Mercedes-Benz Actros 4163 SLT влечеше авион Airbus A 320 (додуша само трупот) од аеродромот во Талин во Естонија до воената база KSK Kommando Spezialkräfte во местото Калв во подножјето на Шварцвалд во Германија. Мораше така затоа што авионот при слетувањето во Талин претпре оштетувања и заради безбедносни причини не можеше со летање да отиде до место каде Airbus можеше да ги изврши поправките. Транспортот го организираше компанија Paule од Штутгарт која трупот на авионот го натовари на посебна платформа што ја влечеше Mercedes-Benz Actros 4163 SLT. Композицијата тешка 90 тони беше долга 60 и широка 5 метри и патуваше преку Балтичкото море со брод до Либек од каде патот го продолжи преку  Хамбург, Магдебург, Нирнберг и Штутгарт. Заради ниските надвожници композицијата неколку пати мораше да се симне од автопатот, а целото патување траеше 11 дена.