Mercedes-Benz Future Bus

Иднината дојде порано

Mercedes ја донесе иднината малку порано – засега само во Амстердам и тоа промотивно

Демонстрирајќи го своите автономни способности на најдолгата автобуска линија за брз превоз во Европа, автобусот на иднината на Mercedes покажа како треба да изгледа еден економичен, брз, еколошки и пред сé безбеден систем за градски превоз. Опремен со најмодерните автономни технологии, овој автобус промотивно ги превезе првите свои патници од аеродромот Шипхол до амстердамската населба Хаарлем на рутата долга 20 километри. Сам застанувајќи на семафорите и постојките, отворајќи ги вратите за патниците да влезат и излезат, тој возеше со брзина до 70 километри на час успешно избегнувајќи ги сите препреки пред него, било тоа да се пешаци или други возила, без интервенции од возачот. Тој секако беше присутен зад воланот кој исто така сам вртеше каде треба и кога треба, но само како контролор кој ја следи работата на мониторите пред него. А тоа и не му беше многу тешко затоа што автобусот сам комуницираше со сообраќајната сигнализација. Со ова, Daimler стана првиот производител на возила кој успешно ги вклопи автобуските автономни технологии во реални секојдневни сообраќајни услови на возење. Во комплетниот развој на овие технологии, германската компанија во наредните 3-4 години ќе вложи 200 милиони евра.

2016-mercedes-benz-future-bus-28За сето да функционира беспрекорно се грижеше CityPilot системот кој се активира со притисок на копче, а деактивира со благ допир на управувачот или некоја од педалите. Овој систем користи радари, сателитски контролирана навигација, камери и сензори и многу електроника. Две камери за близок поглед на оддалеченост до 5 метри овозможуваат приоѓањето и застанувањето на автобусот кон постојките да се одвива целосно автоматски. Оддалечен само 10 сантиметри од рабниците, тој исто така автоматски ги отвора и затвора вратите, придружено со црвени и зелени светлосни сигнали за известување на патниците. За самото возење се задолжени системот за навигација потпомогнат со четири камери и радар со домет од 200 метри и уште една камера која ја следи лентата до 80 метри пред возилото. Комуницирајќи со сообраќајната инфраструктура преку WiFi, автобусот знае кога е зелено а кога црвено светло на семафорот, кога треба да даде предност и слично. За безбедноста во возењето се грижат и системот за препознавање на знаците, две камери кои ги следат пешаците на оддалеченост од 60 метри и радарот и четири сензори со краток домет од 10 метри со истата задача.

2016-mercedes-benz-future-bus-1
2016-mercedes-benz-future-bus-2
2016-mercedes-benz-future-bus-3
2016-mercedes-benz-future-bus-4
2016-mercedes-benz-future-bus-5
2016-mercedes-benz-future-bus-6
2016-mercedes-benz-future-bus-7
2016-mercedes-benz-future-bus-8
2016-mercedes-benz-future-bus-9
2016-mercedes-benz-future-bus-10
2016-mercedes-benz-future-bus-11
2016-mercedes-benz-future-bus-12
2016-mercedes-benz-future-bus-13
2016-mercedes-benz-future-bus-14
2016-mercedes-benz-future-bus-15
2016-mercedes-benz-future-bus-16
2016-mercedes-benz-future-bus-17
2016-mercedes-benz-future-bus-18
2016-mercedes-benz-future-bus-19
2016-mercedes-benz-future-bus-20

Релацијата на која беше организирано првото пробно возење на автобусот на иднината на Mercedes не е случајно избрана. На неа има 11 постојки, 25 семафори и 3 тунели и секојдневно се превезуваат околу 125.000 луѓе кои сакаат да стигнат брзо, навреме и комфорно. Токму на ваквите градски линии ќе се почувствуваат најголемите бенефити од автономните технологии, но за тоа треба да се изградат нови или автоматизираат постојните сообраќајни ленти за брзиот градски превоз.