Metso HP200 конусни дробилки

Висока продуктивност за висока добивка

HP (Hight Performance) серијата на конусни дробилки се состои од шест различни по перформанси машини кои меѓусебно се разликуваат според моќноста додека заедничко за сите е ефикасното дробење, доверливоста и докажаниот квалитет

Семејството на HP (Hight Performance) дробилките го сочинуваат моделите: HP100, HP200, HP300, HP400, HP500 и HP800. Секој модел посебно, претставува уникатна комбинација на оригинален дизајн и брзина на дробење. Конусна дробилка HP200 со сито CVB веќе вредно работи во каменоломот на „МИ-СА“ кај Велес.

За да биде поајсно по што се разликуваат моделите од HP серија, треба да истакнеме дека освен според димензиите, разликата ја прават бројките кои всушност ја означуваат силината на погонските мотори. Едноставно, бројката ја означува количината на ангажираните коњски сили за погон, на пр. HP200 ни покажува дека погонскиот агрегат испорачува 200 КС.

Кога сме веќе кај перформансите да истакнеме дека максималната тежина во плочата за дробење може да изнесува 1.200 кг додека брзината на движење на конусот може да изнесува помеѓу 750 и 1.200 вртежи во минута.

Конусни дробилки со специфики креирани од Metso

HP дробилките претставуваат комбинација која во пракса се покажа како револуционерна во обезбедувањето на поголем капацитет и супериорен квалитет на производите но и во обезбедување на поширок спектар на употребливост во разни апликации. Од варовник до цврсти камења, од производство на баласти до производство на песок, како и од мали преносни постројки, конусните дробилки овозможуваат супериорни перформанси во примарни, секундарни и терциерни апликации.

Историјата на квалитетни конусни машини HP се гради врз успешноста на над 70-годишна традиција и искуство со Symons и Omnicone компонентите. Конусите од Symons се добро познати по својата цврста градба и разновидност на апликациите. Тие ги поставија стандардите во рударската индустрија, каде работат на 24-часовните апликации под маскимални оптеретувања, факти што уништувачки би делувале на остантите производи на пазарот но не и на овој тип дробилки.

Од друга страна Omnicone има воведено многу нови иновации за да ги намали трошоците за одржување и работење, како и да обезбеди модерни карактеристики како што се хидрауличкото прилагодување на поставките, ослободување на бранувачот и чистење на шуплината. Практично докажаните вредности на HP серијата ги комбинира најдобрите технологии за да обезбеди најголем капацитет, најдобар облик на производите, лесна автоматизација и најголема можна сигурност и флексибилност. Сето тоа овозможува постигнување на највисоко можно ниво на профитабилност.

Компаративни предности

Помалку време вон строј како и цилиндри со двојно дејство на хидраулични откинувачи значат дека HP дробилките може да сработат таму каде што многу конкурентски машини би биле блокирани. Големиот од на чистење, независен од потрошеноста на облогите го намалува напорот потребен за чистење на дробениот материјал, го намалува времето на застој и ја олеснува работата на операторот.

Хидрауличните мотори го ротираат садот за фино прилагодување на поставките за контрола, кои исто така целосно го ротираат садот надвор од прстените за прилагодување за промена на лежиштата, во голема мера поедноставувајќи ја нивната промена.

Високите перформанси со бесконтактни заптивки, обезбедуваат голема сигурност со отстранување на прашина без трошење на облогите. Нивниот едноставен дизајн значи дека помалку движечки делови доаѓаат во контакт со материјалот и прашината. Одлична заштита при абење на сите компоненти на дробилка – вклучително и заменливата сферична глава, облоги за лежиштата на главната рамка, лакови за поклопување на главната рамка, трошоците за одржување ги сведуваат на минимум.

Повисок капацитет постигнат благодарение на патентираната комбинација на поголемата брзина и поголемиот од, што ја зголемува моќноста на машината, конусните дробилки од HP серијата, според капацитетите, ги поставуваат на врвот во нивната класа.

HP технологијата овозможува користење помали единици за да се добие најголемо можно производство од најмалиот можен простор. Metso е пионер во производството на HP технологијата, откако самостојно ја разви во 1989 година преку детално пилотско и прототипско тестирање на целата серија. Токму затоа Metso e носител на сите патенти за овие иновативни решенија.