Metso Lokotrack 1213S

Посакуваниот удар

Metso Lokotrack LT1213S е комплетно опремена преносна дробилка со сито со двоен нагиб и повратен транспорт. Машината е изградена околу моќниот дизел мотор C13 на Caterpillar, а нејзиниот транспорт се изведува едноставно со нископоден камион

Да се говори на тема мобилна дробилка е прилично едноставна работа. Барем тоа така се чини кога дробилката се именува како, Metso Lokotrack 1213S. Штом се слушне тоа име веднаш асоцијациите одат во правец на ефикасно завршена работа. Без разлика дали се работи за површински коп, сепарација или пак каменолом, дробилката може да се позиционира непосредно до големите грамади кои потоа ќе бидат издробени и сепарирани во саканата фракција.

Lokotrack-LT1213S-mobile-crushing-screening-plant-02

Додавката „S“ ја прави разликата

Иако двете дробилки, стандардната Lokotrack 1213 и новата Lokotrack 1213S, користат идентични механички компоненти, сепак постојат и меѓусебни разлики. Додека „S“ верзијата поседува сито со двоен нагиб и повратен транспорт, основната изведба доаѓа без тие опции. И во двете варијанти ударната дробилка е усовршена верзија на Nordberg NP1213M, а тоа за сите упатени е повеќе од доволен показател за ефикасноста и капацитетите на машината.

Lokotrack-LT1213S-mobile-crushing-screening-plant-01На корисниците добро им познато а потенцијалните интересенти треба да знаат дека дробилката може да биде пуштена во функција само со едноставно активирање на погонскиот агрегат. За посебни подесувања не е потребен ниту алат ниту пак многу време. Процесниот контролор iC700 ги памети сите параметри на одредената локација, автоматски ја подесува дробилката и се грижи за меко вклучување во работниот процес.

Lokotrack LT1213S може да работи самостојно или пак во комбинација со други дробилки од широкиот спектар на Metso, финото дотерување овозможува употреба во каменоломи, површински копови или при разни операции во рециклирачки апликации.

Транспортот до работната локација може да се изврши со нископоден камион а низ самата локација дробилката користи сопствен транспорт кој е изведен преку гасеници. Компактните транспортни димензии (19.4 x 3.20 x 3.60 ) m. и вкупната тежина од 55 t. го прават транспортот релативно едноставна операција.

Capture

Мотор Cat C13

Основен генераторна сите склопови е линискиот шестцилиндерски дизел од 12.5 литри кој испорачува 310 kW (415 КС). Тој доаѓа со потпис на Caterpillar кој се јавува како ексклузивен снабдувач на Metso дробилките.

Lokotrack 1213S се храни преку отвор со димензии 1.100 x 4.200 mm а целиот кош има волумен од 6 m3 (со екстендер, 9m3). Роторот е со димензии од (1.300 x 1.200) mm. а главниот транспортен механизам има должина од 3.100 и широчина од 1.200 мм.

lokotrack-lt1213s-mobile-crushing-screening-plant-limestone-cementВака конципираната дробилка, иако мобилна и со компактни димензии, може за еден работен час да преработи до 400 t материјал. Притоа конструкторите овозможиле строга контрола на штедливото искористување на енергијата. За оставрување на таа цел е вградена напредна менувачка кутија која овозможува најефикасен можен погон на секцијата за дробење. Заедно со оптимизираната хидраулика со независно управување на вентилаторот на ладилникот и „стендбај“ функција, е овозможена заштеда на горивото за цели 20%.

Ова сепак се само бројки кои во никој случај не можат да ја доловат ефикасноста, долговечноста и постојаноста на Metso дробликите. Најдобар начин да се дознаат овие трајни вредности е поглед во состојбата на некоја машина која е произведена пред многу децении.