Metso Lokotrack Urban LT 106

Тивко дробење

Процесот на дробење кој се одвива на урбани локации се соочува со два основни предизвици, да се одвива тивко и да има драстично намалено испуштање на прашина. Токму за таа намена Metso ја нуди наменската дробилка, Lokotrack Urban LT 106

Старата вистина говори дека секогаш најисплатливо е процесот на обработка на материјалот да се одвива непосредно до изворот од каде тој се црпи. Раководејќи се според тоа непишано правило, во Metso се потрудија да го решат проблемот со големите градилишта кои се сместени во урбани средини или пак во непосредна близина каде што живеат луѓе.

За таа наменска цел конструирани се дробилките од Lokotrack Urban серијата. И претпоставувате, тоа се специјални дробилки кои ги исполнуваат двата, речиси непомирливи услови, да бидат тивки и да имаат екстремно мала емисија на честички прашина.

Со 60-постотно подобрување на звучната заштита како и со драматично намалување на испуштањето на прашина, многу полесно се конкурира за изведба на работите, па дури и во центрите на градовите. Пред тие факти и најголемите поборници за заштита на здравата околина остануваат без аргументи, што пак овозможува отварање на нови бизнис перспективи.

Бучавост намалена на 85 dB (A)

Кај овој тип машини бучавоста воглавно се генерира при процесот на дробење. Експертите за акустика тврдат дека за ниво на бучавост над 85 dB (A) луѓето изложени на бука треба да бидат адекватно заштитени, па дури и при помала бучавост, кај тие што живеат во близина на машини за дробење, тоа ниво знае да предизивика одредена нелагодност.

Кај Lokotrack Urban LT 106 благодарејќи на применетите патентирани решенија, далечината на еквивалентно ниво на бучавост на машината е намалена за 60-тина проценти, односно од 23-25 метри на 9-11 метри. Надвор од заштитената зона тоа растојание може да биде уште поголемо, факт кој има големо влијание кај населението кое живее во непосредна близина на такви постројки.

Систем за сузбивање на прашината

Самата помисла дека во близина на дробилка која има оперативна тежина од 46 тона и која за погон користи дизелски агрегат (Tier 4 Final) од 300 КС, буди сомнеж околу бучавоста која ја произведува но и околу количините на прашина кои се издигаат од неа.

За бучавоста веќе видовме, но и од очекуваниот облак на прашина нема ниту трага. За тоа е заслужен посебниот систем кој ја одведува прашината под машината но и преку водени прскалки кои работат под висок притисок кои ја апсорби раат прашината од воздухот кој се испушта при дробењето.

Овој систем функционира како интегрален дел од машината и при работата нема потреба од посебно внимание или пак оддржување.

Едноставно кажано, дробилките од Lokotrack Urban серијата го минимизираат влијанието врз луѓето од непосредната околина, а притоа овозможуваат процес на рециклирање на секоја урбaна локација па дури и ако таа се наоѓаат во центарот на градот.