Врвни перформанси за рударските апликации
Широкиот спектар на комплементарни пумпи на Metso за пулпа, MD Series првенствено се наменети за процесуирање на рудни ископини, но и за прочистување на јаловината од тие процеси
Metso, финскиот гигант од наменската машинска индустрија, познат е по своите машини наменети за рударство, потоа по своите агрегати, големите транспортни системи за гас и масло, рециклирање, производство на специјални црева и цевки, како и по машини за процесната индустрија.
Во широкиот опсег на производи наменети за рударство спаѓа и серијата на MD Series (Mill Discharge )пумпите за отстранување на остатоците од процесите на обработка на рудата, или поточно кажано на пулпата.
Гледано во поширок контекст тие можат да бидат вертикални или хоризонтални, а според спецификите на работните операции за кои се наменети, може да се подредат во неколку групи.
Портфолиото на Metso системитевклучува пумпи од добро познатите производители: Sala, Denver, Orion, Thomas, Marathon и Titan. Во секој случај говориме за карактеристики кои производителот ги нуди со секој сопствен продукт: ефикасност, постојаност, ниски трошоци на експлоатација, долги сервисни интервали.
Спакувани во компактни димезнии и со модуларна комплементарност, пумпите можат да бидат со отвори од 300 до 500 mm, а да истиснуваат материјал и до 6.000 m3/h. Во зависност од бараните специфики MD пумпите се делат уште и на MDM и MDR подгрупи, кои се разликуваат според употреба на метални или гумени работни кола (ротори) на влажните краеви.
Копмлетниот асортиман на пумпи е комплементарен и надополнет со специјални сетови од цевки, црева, вентили и заптивки. Дизајнирани за испумпување на густи материјали, тие ги носат сите карактеристики на Metso-производите: ефикасна работа, долг работен век на компонентите и брзо и едноставно одржување.
Thomas Series – хоризонтални пумпи
Серијата на хоризонтални пумпи, Thomas е дизајнирана за чистење на тешки и абразивни материјали. Поради тоа таа е способна за пропуштање на поголеми парчиња обезбедувајќи голема ефикасност. Таа особина овозможува прочистување на песок, чакал и јаловина. Капацитетот на пумпата варира помеѓу 500 и 10.000 m³/h а максималната одалеченост на испумпување изнесува до 75 m.
Овие капацитети можат да се искористат и во други намени, како што се пескарење или пренос на материјал.
Orion Series – хоризонтални пумпи
Наменети за напорна индустриска работа, хоризонталните пумпи од Orion- серијата се изработуваат во три основни верзии: HR, HM и HH. Во тој случај максималниот проток на пумпите се движи до 2.800 m³/h со можност за трансфер на материјал до далечина од цели 100 m.
Оваа серија на хоризонтални пумпи се изработува и за потребите на рударските процеси, а се препознава според MR и MM ознаките. Тие се првенствено наменети за трансфер на абразивни материјали со средна цврстина, а обезбедуваат проток до максимални 5.000 m³/h на маскимално растојание од 60 m.
Од друга страна HG пумпите на Orion се наменети за агресивно испумпување во индустриски цели. Нивна тема на интерес се трансферот на јаглен, песок, чакал па дури и остатоци (претежно кори) од обработка на дрвен материјал.
Orion HP пумпите се изработуваат од специјално издржливи материјали, а тоа се прави поради високиот работен притисок од максимални 40 barи за кои се наменети. Сите компоненти се зајакнати и изработени од посебно цврсти материјали. Дизајнот на носечката конструкција претставува патентирано решение на Metso, факт кој доволно говори за квалитетот и ефикасноста на пумпата. Овие пумпи можат да бидат користени како линиски односно за сериско пумпање.
Orion HT, односно тунелската пумпа, првенствено е наменета за трансфер на примарно ископан материјал. Таа е најефикасна кога работи во комабинација со машини за ископ при што обезбедува трансфер и на подолги растојанија.
Sala Series – вертикални пумпи
Вертикалните пумпи Sala познати се според својата силина, моќност и издржливост. Токму поради тие карактеристики омилени се кај професионалците од целиот свет кои се бават со процесуирање во рударството како и во останатите индустриски области.
VS моделот претежно се употребува за чистење на подови, потоа за чистење на подни шахти како и за испумпување на остатоците во процесните погони. Максималниот проток на VS пумпите изнесува 1.500 m³/h.
VT вертикалната пумпа се користи за резервоари, а тоа го прави со проток од 1000 m3/h и до максмимална височина до 30 m. Овој тип е на пумпи е со докажано робусна конструкција и е многу едноставна за одржување. Стандардната изведба може да биде со работни кола (ротори) од гума или цврст метал кои по потреба може да се менуваат. Пумпата наоѓа примена во канализациските постројки, за сушење на подови, одводнување на водата од постројките за обработка на песок како и во други индустриски паликации.
VF изведбата ја зголемува ефикасноста на испумпување во пенливи површини. Тоа го прави по принципот на хидроциклонска сепарација при што се обезбедува посебно одведување на воздухот. Максималниот проток од 600 m3/h и височината на испумпување од 20 m се сосема доволни за примена во флотациите.
Orion и Thomas влажните работни кола (ротори) служат за конверзија во поголемите пумпи но исто така и за чистење на остатоци од дробењето. Нивната основна задача е во зголемување на животниот век на пумпите, во намалување на трошоците за одржување, како и во зголемување на ефикасноста. Пумпите на Orion се изработуваат во големини од 50 x 32 mm до 350 x 300 додека тие на Thomas до 700 x 600 mm.