Metso NW Rapid

Соединета функционалност

Со NW Rapid, во една постројка Metso сместува две логично поврзани функции: дробење и сепарирање. Резултатот е импресивен: зголемување на ефикасноста за цели 30%

Кога конструкторите се посветени на правење голема разлика во изведувањето на дневните операции и како да се направи дробењето попрофитабилно, тогаш таквата посветеност неминовно резултира со машини кои значат зачекорување на ново, повисоко ниво на организирање на работата.

Токму револуционерниот Metso NW Rapid кој во едно ги спојува дробењето и сепарирањето е адекватен одговор на високите очекувања кои ги носи со себе современата организација на работа.

Лесно поставување

За поставување и демонтирање на Metso NW Rapid системот за дробење и сепарирање, доволен е само еден работен ден. Самата дробилка и сепараторт се поставени на тркала, при монтажа со помош на хидраилични држачи се подигнуваат од тлото. Тоа овозможува фино и прецисно подесување спрема конфигурацијата на теренот, а самата операција е крајно поедноставена. За поставувањето на целиот систем воопшто не се потребни бетонски постаменти или пак употреба на било какви кранови или дигалки.

Истата констатација важи и за наново дизајнираните транспортни ленти кои се поставени на дражи што се поставуваат многу лесно. При конструирањето на дробилката/сепараторот водено е сметка и за едноставниот транспорт, па така целиот систем може да се смести во класичен контејнер со должина од 12 метри.

Перформанси за пример

Новото сито со двоен нагиб во конусната и ударна (VSI) Metso NW Rapid дробилка овозможува поефикасна сепарација и повисоки перформанси на ситото. Споредено со истата класа, дробењето и проситувањето во четири различно калибрирани гранулации, новиот систем, во однос на дробење на посебно цврст материјал, резултира со зголемување на продуктивноста за цели 30%.

Одлично избалансираната синхронизација помеѓу примарното и секундарното дробење се контролира со помош на Metso IC процесниот контролен систем. За едноставноста на процесот на дробење и сепарирање говори податокот што целиот систем може да се стартува со притисок само на едно копче. Дробилката/сепараторот исто така доаѓа со стандардните безбедносни опции како што се сервисните платформи, скалилата и брзата стоп функција.

Кои се бенефитите на Metso NW Rapid

Очигледно е дека овде наместо само за дробење говориме за заокружен систем на дробење транспорт и сепарирање на материјал. Брзото и едноставно позиционирање на место на дробење самото по себе претставува компаративна предност во однос на класичните одделни машини.

Од друга страна подигнување на продуктивноста за цели 30% драматично ја зголемува заработувачката. Сето тоа со систем од дробилка и сепаратор кој може да се постави за помалку од 12 работни часа и чиј процес на работа е строго контролиран, претставува вистински технолошки исчекор во однос на досега применуваните методи на дробење и сепарирање.