Миди ровокопач JCB 65R-1 / 67C-1

Помалиот брат на комбинираната машина JCB 3CX

Серијата 65R/67C спаѓа во категоријата на шест тонски багери кои според димезниите се блиски до серијата мали багери CTS / ZTS а според капацитетите се стремат да го достигнат нивото на поголемите браќа од 3CX серијата


Императив на секој производител е да постигне колку што е можно подобар однос помеѓу димензиите на машината и неговата ефикасност. Малите димензии се наметнати од потребата за оперативност на ограничен простор додека ефикасноста е диктирана од кратките изведбени рокови.

За очекување е компанија од рангот на JCB која во својот производен програм вклучува преку 300 видови машини, да има квалитетна понуда и во класата на шест тонски багери.

Миди багерите од серијата 65R/67C се дизајнирани за задоволување токму на тие потреби. Над 50 годишното искуство кое го поседува JCB, третиот по големина светски производител на машини и опрема за градежништво, стои како гарант на исправната одлука за поседување на еден таков современ примерок во машнискиот парк на секоја градежна оперативна единица.

Резулатат на 50 годишна експертиза

Новата генерација на 65R/67C претставува резултат од полувековна експертиза на конструкторите на JCB, со целосно почитување на наметнатите сопствени вредносни норми како и одговор за исполнување на стандардите и потребите на современите корисници.

Тој факт преточен во новите миди багери значи користење на врвни компоненти: дизел мотори од Kohler и Perkins, иновативна хидраулика од Nacho или Bosch-Rexton, гасеници од Bridgestone. Таквиот пристап заедно со врвните компоненти од сопствено производство резултира со машина која е доверлива, долговечна, ефикасна, и пред се, пристапна за широк круг корисници.

Долги сервисни интервал

Стандардната носечка структура изведена во „H“ конфигурација се карактеризира со цврстина својствена за поголемите машини како и со специјални метални прстени кои се вметнати во сите врски помеѓу металните делови. Кабината е поставена стандардно од левата страна, работната рака десно од неа а зад кабината е поставен погонскиот дизел мотор. Секачот поставен од предната страна има можност да ротира, со што ја подржува работната рака која може да изведува работни операции во опсег од 120 степени.

Во 67c се вградува дизел мотор од Kohler кој ги исполнува Stage IIIB/Tier 4 final – нормите а освен чистиот издув се карактеризира со максимална силина од 56 КС кои ги постигнува при ниските 2.200 вртежи во минута. За пазарите со Stage 3A – норми, за варијантата 65R e подготвен тивок и економичен дизел од Perkins со волумен од 2.200 ccm кој при 2.600 вртежи ослободува 49 КС.

Автоматскиот „кикдаун“ со чија помош силината на моторот се прилагодува според конфигурацијата на теренот, е достапен и за двете варијанти, а кон ефикасноста и брзиот работен циклус придонесува и подвижната корпа која при зафат може да изротира за цели 185 степени. Иновативниот хидрауличен систем се содржи од централна единица во која се инкорпорирани пумапата и контролните вентили, овозможува прецизна дистрибиција на притисокот во погонскиот дел и во приклучоците.

Комотен работен амбиент

Во центарот на секоја работна машина, секако е операторот. Да се помине цел работен ден во кабина подразбира добро одмерени пропорции и комотна позиционираност. Без разлика на големината на машината, конструкторите на JCB, знаат да ги испочитуваат сите потребни предуслови за ефикасно работење на операторот. Кабината на 65R/67C сега е уште поергономична и збогатена со телекомуникациски конекции кои се ставаат на услуга на работникот задолжен за управување. Во проширената кабина се седи на седиште кое освен што е амртизирано може да се прилагодува по сите параметри. Иако овие постројки според димензиите припаѓаат во групата на мали машини, механичката заштита на кабината ги исполнува сите ROPS/TOBS стандарди за безбедност.

Преку вградениот дисплеј можат да се следат сите битни параметри а конструкторите дури воделе грижа и за детали како што е автоматското одмаглување на прозорците.

Употребливост во компактни димензи

Широкиот спектар на приклучоци е ставен на располагање за да бидат задоволени сите специфични барања на корисниците. Тука можат да се најдат корпи со разни димензии наменети за копање и партерно уредување на терените. Исто така, приклучоци за товарање на различен материјал но и бушилки и ударни чекани за рушење, ја оформуваат сликата околу универзалноста на 65R/67C серијата.

Кога кон овој разноврсен потенцијал ќе ја додадеме и можноста за избор на гасениците кои можат да бидат челични или гумени, станува целосно јасно – миди ровокопачот е добредојден во секоја градежна оперативна единица.