Morris JE

Безобразно скап ретро електричен комби

Електрификацијата е на мода, а високата мода цена нема

Така мисли и британскиот Morris Commercial кој го претстави своето електрично комерцијално возило наречено ЈЕ. Ознаката, како впрочем и инспирацијата за дизајнот, доаѓаат од моделот Morris J-Type кој се произведуваше меѓу 1949 и 1961 година. Тогаш тој можеби бил пристапен транспортер наменет за од војната исцрпената Британија, но сега е најавен како премиум производ со сензационален стајлинг и исклучителна практичност. Со други зборови, новиот ЈЕ не е реплика на оригиналот, туку забавна и функционална модерна интерпретација со врвна технологија. Затоа и има каросерија од јагленородни влакна и лесна модуларна платформа. Носивоста му изнесува 1.000 kg, а зафатнината на карго просторот 5,5 кубни метри. За погонот се знае дека ќе има пакет батерии од 60 kWh, кои ќе му обезбедат автономија од околу 320 km.

Ќе започне да се продава при крајот на 2021 година, по цени од 60.000 фунти.