MST M38 U – Мини багер

Вродена сестраност во мало пакување

Серијата ”M” на мали багери што ги произведува турскиот производител се истакнува со компактни димензии на нив може да се приклучат голем број додатоци а доверливоста и економичноста им се во семејно наследство

Турскиот производител MST е во постојана експанзија. Како резултат од вложените напори тие го прошируваат производното портфолио пополнувајќи го секој слободен простор во кој досега не биле присутни.

Паралелно со ангажманот за претставување на нови серии работни машини и додатоци за истите, MST работи и на освојување на нови пазари. Исправноста на таа стратегија сега резултира со присутност како на домашниот така и на пазарите ширум Европа, Африка и посебно во азиските држави.

М-серија на мали багери

Наизглед мали и компактни, багерите со „скромни“ димензии сепак мора да ги поседуваат сите карактеристики по кои се познати и нивните поголеми браќа. Нивната неоспорна предност се огледа во можноста да бидат лесно транспортирани до потребната локација, да можат да извршуваат разно видни работни апликации како и да функционираат на ограничен простор, вклучително и во затворени простории.

Во делот на пружање комунални услуги што подразбира брзи интервенции во урбаните средини, малите багери и буквално се незаменливи.

Имајќи ги предвид сите овие задачи, турските конструктори под заедничко име ”M” имаат развиено цела серија на мали багери кои се разликуваат според димензиите и специфичната намена.

Серијата започнува со најмалиот M16 U кој е покренуван со дизел мотор (целата серија користи јапонски мотори, Kubota) од 19 КС и оперативна тежина од 1.530 kg. Подредени според овие парамeтри следат M18BE (19 КС и 1.850 kg), потоа M28 U (34 КС и 3.050 kg), M38 U (36 КС и 3.800 kg) и најголемиот помеѓу најмалите, моделот M55 U кој има мотор со силина од 52 КС и оперативна тежина од 5.250 kg.

MST M38 U

Според големината и капацитетите пореден на 4 позиција (од можните пет), споредено во поглед на конструкција, малиот багер го нарекуваме така само поради димензиите. Инаку, изграден врз цврста челична платформа во облик на буквата “X” и поставен на гасеници со широчина од 30 cm, поседува работна рака и стрела кои можат да досегнат и до најнепристапни места.

Всушност, со тоа станува јасно дека разликата со поголемите машини ја прават само димензиите. На предниот дел на машината е поставен секач додека зад него е кабината за операторот која според желбите на клиентот може да биде отворена или пак целосно затворена. Десно од операторското работна место е сместен современ јапонски дизел мотор кој турците го купуваат од Kubota.

Оперативната тежина на M38 варира во зависност од видот на кабината, и се движи помеѓу 2.450 и 3.600 kg.

Дизелот со работен волумен од 1.647 cm³, при 2.400 вртежи во минута развива максимални 36 КС. Потврда дека тој е одлично димензиониран стигнува од погледот кон таблицата со максималните можности. Тие говорат за ископ до длабочина од точно 3 метри, за хоризонтален дофат од 4,66 m и за истовар на височина од 3,3 m.

Кон овие капацитети треба да се додаде и можноста за поставување на шест различни приклучоци во кои покрај стандардната корпа се вклучени и натоварна лопата, сврдел, ударен чекан, канџи за балвани и платформа за пренесување товар. Сите приклучоци се менуваат од кабината а операцијата, благодарејќи на приклучните плочи, трае многу кратко.

За економичната екплоатација говорат два момента: малиот мотор и едноставното оддржување. Покрај неспоредливата подвижност, тоа се предности кои малите багери ги воздигнуваат до позиција на неопходност.