MST M55 U – Мини багер

Вродена сестраност во мало пакување

Серијата ”M” на мали багери што ги произведува турскиот производител се истакнува со компактни димензии на нив може да се приклучат голем број додатоци а доверливоста и економичноста им се во семејно наследство

Турскиот производител MST е во постојана експанзија. Како резултат од вложените напори тие го прошируваат производното портфолио пополнувајќи го секој слободен простор во кој досега не биле присутни. Паралелно со ангажманот за претставување на нови серии работни машини и додатоци за истите, MST работи и на освојување на нови пазари. Исправноста на таа стратегија сега резултира со присутност освен на големиот домашен пазар и на тие ширум Европа, Африка и посебно во азиските држави.

Серија на мали багери, ”M”

Наизглед мали и компактни, багерите со „скромни“ димензии сепак мора да ги поседуваат сите карактеристики по кои се познати и нивните поголеми браќа. Нивната неоспорна предност се огледа во можноста да бидат лесно транспортирани до потребната локација, да можат да извршуваат разновидни работни апликации како и да функционираат на ограничен простор, вклучително и во затворени простории. Во делот на пружање комунални услуги што подразбира брзи интервен ции во урбаните средини, малите багери и буквално се незаменливи. Имајќи ги предвид сите овие задачи, турските конструктори под заедничко име ”M” имаат развиено цела серија на мали багери кои се разликуваат според димензиите и специфичната намена.

Серијата започнува со најмалиот M16 U кој е покренуван со дизел мотор (целата серија користи јапонски мотори, Kubota) од 19 КС и оперативна тежина од 1.530 kg. Подредени според овие парамтери следат M18BE (19 КС и 1.850 kg), потоа M28 U (34 КС и 3.050 kg), M38 U (36 КС и 3.800 kg), моделот M55U кој има мотор со силина од 59 КС и оперативна тежина од 5.250 kg. и најголемиот помеѓу најмалите M60 U (59 КС и 5.750 kg).

MST M55

Според големината и капацитетите пореден на 5 позиција (од гамата со шест модели), во поглед на конструкција, малиот багер го нарекуваме така само поради димензиите. Инаку, изграден врз цврста челична платформа во облик на буквата “X” и поставен на гасеници со широчина од 40 cm, поседува работна рака и стрела кои можат да досегнат и до најнепристапни места.

Всушност, со тоа станува јасно дека разликата со поголемите машини ја прават само димензиите. На предниот дел на машината е поставен секач (370 x 2.070 mm) додека зад него е кабината за операторот која според желбите на клиентот може да биде отворена или пак целосно затворе на. Десно од операторското работна место е сместен современ јапонски дизел мотор кој турците го купуваат од Kubota. Оперативната тежина на M55 варира во зависност од видот на кабината, а за затворената кабинска верзија на овој модел, изнесува 5.250 kg. Интересно е да се спомне дека и максималната натоварна тежина изнесува близу до оперативната, односно 5.100 kg. Турбо дизелот со работен волумен од 2.434 ccm, при 2.800 вртежи во минута развива максимални 59 КС додека на 2.200 вртежи моторот ослободува 52 КС. Адекватно на силината, максималниот работен притисок на хидрауликата е 250 односно 220 bar.

Потврда дека тој е одлично димензиониран стигнува од погледот кон таблицата со максималните можности. Тие говорат за ископ до длабочина од 346 cm, за хоризонтален дофат од 622 cm и за истовар на височина од 459 cm. Кон овие капацитети треба да се додаде и можноста за поставување на шест различни приклучоци во кои покрај стандардната корпа се вклучени и натоварна лопата, сврдел, ударен чекан, канџи за балвани и платформа за пренесување товар. Сите приклучоци се менуваат од кабината а операцијата, благодарејќи на приклучните плочи, трае многу кратко. За економичната екплоатација говорат два момента: компактниот мотор и едноставното оддржување. Покрај неспоредливата подвижност, тоа се предности кои малите багери ги воздигнуваат до позиција на неопходност, и тоа во широк опсег на работни апликации и различни работни средини.