Multiquip Whiteman WTB-16PD

Мало дамперче на гасеници

Трката за сé поголема ефикасност во работата исфрли на пазарот бројни машини за кои практично до вчера немаше место

Една таква е и Whiteman WTB-16PD малото дамперче на гасеници, кое е производ на калифорниската компанија Multiquip. Се карактеризира со корпа свртлива за 180° за полесно и попрецизно кипење на материјалот што се превезува. Корпата направена од полиетилен за полесно чистење има зафатнина од 0,45 кубни метри, а носивоста на машинчето широко 90 сантиметри е 1.134 килограми, иако самото тежи 970 kg. За погон е задолжен Honda GX690 мотор со 22 коњски сили, кој го задвижува до 8,5 километри на час празно и 7,6 km/h натоварено.