За работа на терен
Nissan за својот настап на салонот на автомобилите во Брисел подготви интересен ван заснован на моделот NV300
Настана во соработка со респектабилната британска дизајнерска куќа Studio Hardie и е наменет за столарите кои својата работа ја обавуваат на терен. Внатрешноста е уредена како подвижна работилница, со сета потребна опрема и алати, но и со интегриран Nissan Energy ROAM батериски систем со капацитет од 700 Wh и максимална моќност од 1 kW. Ова решение е тивко и не ја загадува околината, а благодарејќи на соларниот панел на покривот остварена е потполна автономност. Персонализација на товарниот простор вклучува и иновации како што се подвижното столче на шини и таванското ЛЕД осветлување.
Ова возило треба да претставува пример за можностите кои Nissan може да ги понуди во комерцијалниот сектор. На овој начин можат да се создаваат не само специјализирани возила за комерцијална намена, туку и возила за слободно време и рекреација.