Nordberg NP

Нови дробилки од докажаниот производител

Новите Nordberg NP ротационо-ударни дробилки, обезбедуват значително зголемување на вашето производство, поголема безбедност и оптимизирано работно време


Ротационо-ударните NP дробилки стануваат составен дел од гамата на Metso 2001год. со превземањето на тогаш една од водечките компании за поизводство на машини за дробење на минерални суровини Nordberg. Иако бројот на познати заштитени брендови кои се дел од Metso одамна е троцифрен, ударните дробилки NP сеуште се најприменливите дробилки што постојат на пазарот. Високиот степен на редукција, извонредната флексибилност во производството, напредниот дизајн и високата доверливост се карактеристиките што ги издвојуваат од останатите како дробилки што доследно ја извршуваат својата работа.

Брзо, лесно и безбедно одржување е клучно за поголемо временско искористување на комплетната постројка

Производството на готови фракции со едностепено дробење е тренд кој зема се поголем замав. Ваквите системи со NP дробилки се почесто застапени како мобилна верзија на гасеници дават производ во согласност со најригорозните стандарди. Доколку пак се користат како секундарни дробилки редовно ги надминуваат капацитетите на придружната механизација.

Иновативен дизајн што е применет кај последната генерација на NP дробилки овозможува влезниот материјал да навлезе подлабоко во роторот што е особено значајно кај апликациите на секундарно/терциерно дробење. Ваквиот дизајн овозможува поефективено дробење со послаб интензитет на удар со што се зголемува капацитетот на производство на дробилката при непроменета потрошувачка на енергија и времетраeње на потрошниот материјал (ударни греди, облоги…).

Со номинална инсталирана моќност до 1000kW (2×500) и димензии на ротор до 2.31 x 1.98m се излегува во пресрет на барањата за примена во рударскиот сектор, додека мобилните верзии со автономен дизел погон или хибриден со можност за напојување со ел. енергија од мрежа, се најбрзо решение за производство на фракции.

Намалена потрошувачка и висок Metso квалитет

Metso IC автоматизацијата на дробилката гарантира едноставно ракување и достапност до информации. Целиот процес на дробење започнува со притискање на само едно копче. Системот значително ја зголемува вашата долгорочна профитабилност и ви овозможува подобра контрола врз процесот преку комплетен преглед на параметрите за прецизно следење на работата на дробилката. Меѓу другите придобивки, автоматската калибрација обезбедува постојана прецизна контрола врз потрошеноста на ударните греди што е од посебно значење при дробење на високо абразивни материјали кај кои е потребно константно одржување на зададениот отвор на празнење без застој во производство заради подесување.

Широката палета од седум различни типови на ударни греди гарантира постоење на соодветно решение за секој тип на камен без оглед на неговата цврстина, или абразивност. Можете да изберете помеѓу манган, мартензитен челик или хром-железо материјал за ударни греди во различни комбинаци со ќерамика.

Покрај дигалката која е дел од конструкцијата на дробилката и елиминира потреба од дополнителна механизација при менување на ударните греди, Metso ја патентира и напредната дводелна задна рамка за NP дробилки со што ги исполни барањата на своите клиенти за нулта веројатност од повреда при работа. Дводелната рамка овозможува доволно голем отвор за вадење на комплетна одбојна плоча со облоги и нивна замена надвор од дробилката.

Патентираниот систем за авто – ротација на роторот (S.R.R.) е централна точка за прилагодување на подесувањето на дробилката и промена на ударни греди, со дополнително зголемување на безбедноста на операторот.