Opel Combo

Простран транспортер со компактни димензии и исклучителни технологии

Нова генерација на компактно и повеќенаменско комерцијално возило Opel Combo

Новиот Combo е развиен е од страна на PSA групата, со желба на професионалците да им се понуди врвна ефикасност и најмали трошоци за експлоатација. За тоа се задолжени сосема новата архитектура, генијалните пакети опрема и единствените технологии, што претставува огромен чекор напред во споредба со поранешната верзија.

Новиот Combo нуди избор на голема понуда на варијанти, вклучувајќи ги кратката верзија од 4,4 и долгата од 4,75 метри, обете со по две или три предни седишта. Товарниот капацитет на Combo изнесува до 4,4 m³, носивоста до 1.000 kg, а утоварната должина до 3.440 mm. За многу професионалци одлучувачко ќе биде значајното растојание меѓу двата блатобрана кое овозможува утовар на еуро палети – дури и кратката верзија на Combo собира две. Долгите предмети можат да се товарат под агол благодарејќи на кровниот прозорец, а сензорот за претовареност со еден притисок на копче му овозможува на возачот да ја провери тежинската состојба на товарот.

Иновативните технологии со кои доаѓа Combo ги има 19 – помошните системи ги прават возењето, маневрирањето и транспорт на стока и патници едноставни, безбедни и удобни. Ќе ги споменеме задната камера која функционира како дигитален ретровизор, друга камера од совозачката страна обезбедува возачот повеќе да не мора да се грижи за мртвиот агол на таа страна на возилото, а бочниот чувар – системот втемелен на сензори ги спречува блиските средби со околните предмети (столб, ѕид, друго возило…) и оштетувањата при свртувања при мали брзини. На оние кои работата ги носи по кал, песок или снег од голема помош ќе им бидат IntelliGrip системот за електронска контрола, за 30 mm поголемиот клиренс и тркала, задните пружини со променлива тврдост и предните и задни пречки кои ја зголемуваат цврстината во случај на превртување. Тука се и ултрамодерниот инфо-мултимедијален систем компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto платформите, како и кај автомобилите веќе одомаќинетите системи за препознавање на сообраќајните знаци, пешаците и автоматско кочење, држење на лентата на движење, автоматскиот темпомат, но и двозонскиот клима уред, загреваните предни седишта и управувач и друго.