Scania

Party Bus

Во Тајланд забавата е дел од начинот на живот, а караокито е еден од најпопуларните начини на забава

Но популарни се и патувањата, па некако само по себе се наметна решението да се обединат овие два начина на забава. Така стана тренд да се појавуваат таканаречени shing-shub тури, односно патувања со party and karaoke автобуси. Во местото Сарабури, 250 km североисточно од Бангкок, се наоѓа агенција на чие чело е Прасерт Кунгнерн, која нуди навистина единствен спој на услуги. За да ги задоволи потребите за забава, тие преработија поголем број автобуси. Ги опремија со спектакуларно осветлување, моќно озвучување, телевизори и шанкови, а наместо седишта поставија каучи. Сé со цел за што подобра забава, која за да на што повеќе луѓе еднакво им се овозможи, постои можност за поврзување на повеќе автобуси во кои ќе се слуша истата музика. Најголемата забава досега има угостено преку 500 луѓе во 10 автобуси.

Погледнете како сето тоа изгледа.