Pedestrian and Cyclist Detection System
Автобуското одделение на Volvo развива единствен сигурносен систем за заштита на пешаците и велосипедистите во градскиот сообраќај
Пешаците и велосипедистите се најранливите категории учесници во градскиот сообраќај, а статистиките со фатални исходи катастрофални. За да се намали бројот на вакви несреќи, Volvo развива нов систем наречен Pedestrian and Cyclist Detection System. Користејќи камери за процесирање на сликата и алгоритами за детекција на пешаците и велосипедистите, овој систем континуирано надгледува што се случува околу автобусот, ја препознава опасноста и се огласува со звучен и светлосен сигнал, а во случај на можност за незгода ја активира и сирената со која ја известува и околината дека се наближува автобус. „Некои компоненти на овој систем се засновани на испробани технологии кои веќе се користат во многу автомобили. Но ние сме единствен производител кој нуди можност за истовремено известување и на возачот и на невнимателните учесници во сообраќајот“, објаснува Петер Даниелсон, директорот задолжен за опрема и сигурност во Volvo Buses. Имено, електричните возила (вклучително и автобусите) се движат доста тивко, со далеко пониско ниво на бучава во градскиот сообраќај, што може да биде погубно за невнимателните пешаци и велосипедисти. „Автобусот може да биде побучен, но тоа мора да биде ненаметливо. Го решивме овој проблем со развивање на синтетизиран позадински звук кој е со таков фреквентен опсег да не поминува низ трослојните стакла на автобусот и не ги вознемирува патниците, но јасно ја известува околината за своето присуство“, додава Даниелсон.
Овој систем веќе се тестира на една автобуска линија во Гетеборг.