Peugeot Landtrek

Peugeot го лансираше својот втор пикап

► Peugeot покажува дека има сериозни намери за пазарното присуство во Латинска Америка и Субсахарска Африка, за каде го подготви еднотонскиот пикап Landtrek

Овој втор пикап во гамата на Peugeot ќе биде достапен во изведбите SingleCab, DubleCab и како SingleCab со отворена шасија. Во зависност од изведбата Landtrek може да биде долг 5.330 или 5.390 mm, а меѓуоскиното растојание од 3.180 mm е еднакво за сите изведби. Неговите товарни својства се доста добри бидејќи може да превезува товар поголем од 1 тон и да повлече приколка до 3,5 тони. Теренските својства се уште подобри и може да совлада нападен агол од 29°, излезен од 27° и агол на рампата од 25°, како и да прегази вода од 600 mm, да се искачи на нагорница од 90% и да вози по страничен нагиб до 42°. Во понуда се турбодизелски 1,9 литарски мотор со 150 KS и 530 Nm и 2,4 литарски бензински мотор со турбокомпресор, 210 KS и 320 Nm. Со дизелот е достапен Getrag 6-степен мануелен менувач, а со бензинскиот мотор исто 6-степен Punch автоматски менувач.