Peugeot Pick Up

Францускиот производител се враќа на пикап пазарот

Станува збор за модел наменет за африканските земји со кои ќе се забрза интернационализацијата на марката

Peugeot претстави пикап со едноставно име – Pick Up. Според зборовите на луѓето од францускиот производител, робусното возило со погон на сите четири тркала е наменето за оние на кои им треба издржлив работен автомобил едноставен за одржување. И додека во Европа продажбата на пикап возилата има уддел од само околу 1 отсто, во Африка овој сегмент е популарен и зазема повеќе од 10 отсто од вкупната продажба.

Не е прв пат Peugeot да пласира пикап во Африка – Французите уште во 1958 година дебитираа со моделот 403 Camionnette-Bâchée, кој потоа го наследија 404 Camionnette-Bâchée во 1967-мата и 504 Pick Up кој се произведуваше дури до 2005 година. Новиот Peugeot Pick Up е долг 5,08 метри, носивоста му изнесува 815 kg, а растојанието од тлото 21,5 cm. За погон е задолжен 2,5 литарски дизел со 115 KS, спарен со петстепен мануелен менувач. Робусните Yokohama пневматици доаѓаат стандардно, а од Peugeot наведуваат дека внатрешноста ќе биде најпространа во класата. Peugeot Pick Up во продажба ќе се најде во септември годинава.

PEUGEOT_PICKUP_1706HT002_2(1)[1]