PFREUNDT – мобилни ваги    

Прецизност во работата

Тежинското мерење на извршените работни задачи  претставува драгоцен податок за увид во ефикасноста на работата. PFREUNDT, како еден од најстариите производители на подвижни мерни ваги, нуди широк опсег на производи за оваа намена

Самата помисла на податокот за натовареноста на корпата на багерот, подигнатиот товар на вилушкарот или пак пренесената руда преку подвижна лента, за професионалците звучи доста возбудливо. Во крајна линија воопшто не е на одмет да се знае на пр. колкава количина на јаглен е донесена во термоцентралата или пак колкав товар во текот на денот има пренесено големата дигалка. Напротив, прецизноста на податоците дава одличен увид врз ефикасноста на работата. А тоа е пак е одличен показател за нивото на развој на одредена компанија како и одлична смерница за откривање на тесните грла и слабите точки во работниот процес.

Тоа се сосема доволни сознанија за отсранување на дилемата околу корисноста на подвижните мерни системи. Уште ако кон тоа ја додадеме широката палета на машини и уреди во кои можат тие да се аплицираат тогаш и последниот аргумент за неприфаќање на уреди за тежинско мерење, се избива од рака. Доволно ќе биде да ја погледнеме само основната примена на мобилните мерни уреди на PFREUNDT, па сé да стане многу појасно:

  • натоварувачи на тркала
  • дампери
  • виљушкари
  • возила за контејнери
  • возила за пренесување на отпад
  • багери и кранови
  • ваги за подвижни ленти

Како посебна група се одвојуваат мерните мостови, мерните платформи, индустриските и лабораториските ваги, и секако специјални решенија констриурани спрема специфични потреби на клинетите.

Како се врши мерењето?

На прв поглед, иако се работи за разни уреди, самиот процес на мерење се врши со помош на сензори чувствителни на притисок. Во зависност од спецификите на машините или уредите, сензорите се поставуваат на позиции кои се претходно специфицирани од конструкторите на PFREUNDT.

Посебна специфика претставуваат подвижните ленти за траснспорт од рудните ископини па се до местото на понатамошна обработка. Кај тие уреди сензорите се поставуваат на посебен сегмент, по целата широчина на лентата а мерењето на протокот се врши во многу кратко временски периоди а а крајниот резултат се испорачува како пренесена тежина во единица време.

Кај работните машини од типот на багери, натоварувачи, булдожери,… мерните сензори се вградуваат во хидрауличниот систем. Овие мерни  системи, по вгадувањето кое се извршува за само неколку работни часови, потоа, според прецизно одредена процедура, се калибрираат и веднаш се подготвени со зачудувачка прецизност да си ја извршуваат својата задача.

Системите за мерења на тежината кои ги носат ознаките на PFREUNDT, резултатите од мерењата можат да ги испечатат на принтер кој е дел од мерната единица и се поставен на самата машина. Исто така, тие податоци можат да се снимат на мемориска единица или пак преку безжични врски (GSM, GPRS, WLAN) да се поврзат со комјутерскиот систем на фирмата. Всушност сé се сведува на тоа корисникот да си ја врши својата дејност а тежинската количина на извршените работи да ја препушти на целосно безбедните и многу лесно обработливите податоци од мерните ситеми на најквалитентиот германски производител.

Во производната програма на PFREUNDT освен мобилните мерни уреди можат да се најдат и статични мерни ленти како и уреди за мерење на осовинското оптеретување на работните машини. За корисниците со посебни технички побарувања специјалистите на производителот ќе конструираат посебни мерни уреди, токму според нивните специфични потреби.

Убаво е да се знае дека мерните уреди на PFREUNDT се нудат по цени кои, гледано процентуално во однос на цените на машините или пак на обемот на извршените работи, претставуваат навистина занемарлив трошок.