ПОДЕКС – ПОВЕКС 2016

Модерните достигнувања во рударството и геологијата

Во периодот од 11 до 13 ноември во Струмица се одржа деветтото по ред стручно советување од областа на рударството и геологијата

DSCN2546

Советувањето беше организирано од Здружението на рударски и геолошки инженери на Македонија, а како коорганизатори земаа учество и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Балканската академија на рударски науки. Од година во година, советувањето добива на квалитет и зголемена присутност. Во организацијата на ова советување активно учествуваа истакнати професори од Македонија, Словенија, Србија, Турција, Бугарија и Босна и Херцеговина, со цел да се зголеми квалитетот на стручните трудови, да има што поголем број на посетители но и присутните гости да имаат можност за дискусија со експерти од оваа рударско-геолошка фела. Презентирани пред присутните гости беа 15 стручни трудови од модерните достигнувања во рударството и геологијата, од вкупно 31 објавени трудови. По изминати осум советувања, на последново советување за прв пат беше организиран и симултан превод, со оглед на големиот број на гости од странство. Како заклучоци за во иднина ќе напоменеме дека за наредното советување бројот на странски експерти од областа на рударството и DSCN2557геологијата сигурно ќе биде поголем, со што ова советување би преминало во Балканска конференција, а исто така ќе се направат обиди објавените стручни трудови да бидат рецензирани, со што бројот на трудови би се намалил но квалитетот на објавените би бил несомнено поголем.

Здружението на рударски и геолошки инженери има своја годишна програма која ја поднесува Извршниот одбор, а ја одобрува Собранието на Здружението. Во наредниот период е планирано организирање и давање поддршка на инженерите, техничарите и другите инволвирани во рударството и геологијата, потоа развивање на творечка иницијатива за развој на производството во рударството и геологијата, а се планира и соработка од заеднички интерес со соодветни републички институции и стручни организации, како Стопанска комора на Македонија, и неколку образовно-научни институции. Здружението на рударски и геолошки инженери исто така активно учествува во работата од областа на стандардизацијата во рударско-геолошкото производство како и други индустрии кои се неопходни во процесот на производството. Во текот на идната година Здружението на рударски и геолошки инженери има за цел издавање на реномирано списание во кое ќе бидат публикувани најсовремени техники и достигнувања од областа на рударството и геологијата.

DSCN2541

Како и секоја година, спонзорите и оваа година овозможија ова советување да биде со голема посетеност. Имаше 230 гости, а за истите да се чувствуваат одлично се погрижија ЗРГИМ, Балканската академија за рударски науки, Факултетот за технички науки – Штип, потоа Еуромакс Ресоурцес, рудникот СИВЕЦ, цементара ТИТАН – Скопје, рудникот САСА, рудникот Бучим, МИ-СА, Машинокоп, САРДИЧ МЦ, АДИНГ, Ваталко, Бобкат, ТЕКНОКС, Детонит и останатите. Огромна благодарност за успешното организирање на ПОДЕКС – ПОВЕКС 2016 на членовите на ИО од ЗРГИМ и тоа Митко Крмзов, Драган Димитровски, Мице Тркалески, Филип Петровски, Горан Сарафимов, Стојанче Мијалковски, Шериф Алиу и останатите, потоа до претседателот на Организациониот одбор Проф. д-р Зоран Панов, деканот на факултетот за технички науки Проф. д-р Зоран Десподов, претседателот на Македонската асоцијација на рударство Николајчо Николов и други.

DSCN2536