Што е потребно?
Посебен линиски превоз на патници е превоз само на определена група патници со исклучување на други патници
Со посебниот линиски превоз на патници се врши превоз на ученици од дома до училиште и обратно, на работници од дома до местото на работа и обратно, на работници кои вршат сезонски работи од дома до местото на работа и обратно, на војни лица од дома до работа и обратно и превоз на лица кои имаат потреба од медицинска нега од дома до здравствената установа и обратно, доколку превозот на тие лица го организира истата. Патниците кои се превезуваат треба да се наведени во списокот на патници кој е составен дел на договорот за извршување на овој вид на превоз, при што во возилото може да има максимум 10% патници кои не се наведени во списокот на патници. Патниците треба со себе да имаат документ за идентификација издаден од нарачателот на превозот.
Посебен линиски превоз на патници е и превозот кој е неопходен за извршување на друг вид на превоз (превоз од и до аеродром) при што патниците кои се превезуваат не треба да се наведени во списокот на патници кој е составен дел од договорот за извршување на овој вид на превоз. За извршување на посебниот линиски погореопишан превоз во првиот пасус, нарачател на превоз може да биде училиштето во кое учат учениците кои се превезуваат, фирмата или органот во кои се вработени работниците кои се превезуваат, здравствената установа во која се лекуваат лицата кои се превезуваат и претпријатието кое врши аеродромски услуги.
Нарачателот на превозот и превозникот склучуваат писмен договор со кој се регулираат меѓусебните права и обврски. Составен дел на договорот за ивршување на превозот е списокот на патниците кои се превезуваат и истиот треба задолжително да биде заверен од Министерството за транспорт и врски или од општините или градот Скопје. При извршување на посебен линиски превоз опишан во вториот пасус не е потребен список на патници. По исклучок за превоз на воени лица од дома до работа и обратно списокот на патници не е составен дел од договорот за извршување на превозот. При превозот на воени лица од дома до работа и обратно задолжително е во возилото од страна на корисникот на превозот да има лице кое ќе биде задолжено со список на патници кои се превезуваат. По исклучок за превоз на работници кои вршат сезонски работи од дома до местота на работа и обратно списокот на патници не е составен дел на договорот за извршување на превозот, но истиот задолжително се наоѓа во возилото при вршењето на превозот.
Посебниот линиски превоз на патници се врши со автобуси, а може да се врши и со патнички возила со 8+1 седиште, врз основа на договор склучен во писмена форма меѓу правно лице кое го нарачува превозот и превозникот правно лице.Договорот мора да биде склучен исклучиво со превозник или со конзорциум од превозници кои имаат во сопственост или меѓусебно имаат договор за користење на доволен број на возила за експлоатација на релациите кои се наведени во договорот.Превозникот или конзорциумот од превозници превозот ќе го врши исклучиво со возилата кои ги навеле при склучувањето на договорот за превоз и кои ги исполнуваат минималните техничко-експлоатациони стандарди определени во јавниот оглас или кои исполнуваат техничко- експлоатациони стандарди исти или повисоки од оние кои биле понудени на јавниот оглас. Непочитувањето на договорните одредби преставува основ за раскинување на договорот за превоз.
При извршувањето на посебниот линиски превоз опишан во првиот пасус во возилото мора да се наоѓа извод од лиценца, дозвола со возен ред со станици и термини за поаѓање и пристигнување, патен налог во оригинал и договор со список на патници. При извршување на посебен линиски превоз опишан во вториот пасус во возилото мора да се наоѓа извод од лиценца,, дозвола, патен налог во оригинал и договор. Превозникот може да врши посебен линиски превоз, доколку поседува соодветна лиценца согласно со законот за превоз во патниот сообраќај и доколку поседува возила со изводи од лиценца колку што е потребно за да може да ги одржува сите поаѓања согласно со дозволата за посебен линиски превоз вклучувајќи ги и возилата кои му се потребни за одржување на возните редови за меѓуопштински,меѓународен или посебен линиски превоз кои веќе ги поседува.
За извршување на гореопишаниот превоз превозникот мора да прибави дозвола. Ако превозот се врш меѓудве или повеќе општини дозволата ја издава Министерството за транспорт и врски. Против решението со кое се одбива барањето за издавање на дозволота за вршење на посебен линиски превоз на патници, може да се изјави жалба во рок од 8 дена од денот на приемот на решението до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Ако превозот се врши на подрачјето од општината, односно градот Скопје дозволата ја издава градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје. Против решението со кое барањето се одбива може да се изјави жалба во рок од 8 дена од денот на приемот на решението до министерот за транспорт и врски. Формата и содржината на дозволата за посебен линиски превоз на патници ја пропишува министерот за транспорт и врски.
Кон барањето за издавање на дозволата превозникот е должен да достави:
- копија од лиценцата за вршење на посебен линиски превоз на патници
- извод од лиценца за возила со кој потврдува дека поседува најмалку едно возило во сопственост или по договор за лизинг (со најмалку 8+1 седиште) кое ги исполнува посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возилата за врѓшење на превоз на патници
- договор склучен со правно лице со список на патниците што ќе се превезуваат
- временски термини за поаѓање и враќање во кои ќе се врши превозот
- вработени возачи во редовен работен однос кои ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата
Дозволата се издава со рок на важење за кој се договориле превозникот и нарачателот на превозот,а најдолго за период од една година. По исклучок дозволата за превоз на работници кои вршат сезонски работи се издава за период не подолг од три месеци. Патниците кои се превезуваат со овој вид на превоз мора кај себе да имаат доказ за идентификација.