Power Curber 5700-C

Машина која тешко се објаснува како, но лесно се сфаќа што работи

Сите знаеме дека градежништвото е рачна работа и дека никој не може да ги замени ѕидарите мајстори, но дали навистина е така?

Во светот каде нема доволно паланчани, луѓето се приморани да измислуваат градежни машини за сé и сешто. Една таква е и оваа со ознака Power Curber 5700-C. Наменета е за изработка на патеки и ивичници од бетон. Производ е на компанијата Power Curbers & Power Pavers од Северна Каролина, САД и тешко се објаснува како, но лесно се сфаќа што работи. Затоа за да не се мачиме со многу зборови, ви го приложуваме видеото кое сé ќе ви каже. Колку часови работа ќе се заштедат со неа, пресметајте сами.