ProGlove

Иновативно и неверојатно корисно

Веќе самата слика покажува колку време се штеди со овој уред

Германската компанија ProGlove е лидер во областа што сама ја има креирано – производството на мали бар-код скенери за индустриска употреба. Таа всушност го има направено најлесниот и најмалиот бар-код скенер во светот, кој работникот го прицврстува на ракавицата. Користењето е едноставно и не треба никаква обука. Впрочем само еден поглед на фотографијата ја покажува неверојатната практичност на овој уред, дури и без да го изгледате видеото.