RASCO

Сите технологии на посипување во сите временски услови

RASCO семејството професионални посипувачи е конструирано според различни технологии на посипување, како и климатски услови со кои се среќаваат операторите на зимските служби ширум светот

Во својата широка програма на посипувачи, RASCO нуди решенија за суво, мокро и течно посипување, со бројни дополнителни опции достапни исклучиво по нарачка. Покрај конвенционалните типови посипувачи, RASCO нуди и специјализирани посипувачи, посебно прилагодени за одредени пазари и климатски услови.

Технологија на суво и мокро посипување

Посипувањето на сол, песок, камен гранулат или мешавина од наведените материјали денес е најчеста метода на посипување на сообраќајниците. SOLID линијата на посипувачи е прилагодена за работа со различни видови на наброените суви материјали.

Технологијата на мокро посипување се користи за да се забрза процесот на одмрзнување на сообраќајниците, а истовремено да се подобри прилепувањето на средството за посипување на површината. За таа цел SOLID посипувачите е можно да се опремат со систем за мокро посипување, кој со мешање на сувото и течното средство создава средство за мокро посипување. Мокрото посипување, освен што овозможува подобро одмрзнување на сообраќајните површини, ја намалува потрошувачката на сув материјал за посипување. Помалата потрошувачка на сол ги намалува и вкупните оперативни трошоци на зимските служби, а има и позитивно влијание на околината.

Независно од тоа дали се користи технологија на суво или мокро посипување, сол, песок или гранулат, или пак се одржуваат автопатишта или пак тесни планински превои, SOLID посипувачите се доверливо решение за сите потреби.

Технологија на течно посипување

Течното посипување е докажана технологија на посипување која покажува најдобри резултати во временски услови карактеристични за преодните периоди со умерено ниски температури или непосредно пред создавањето мраз на сообраќајниците. Течното посипување ја намалува вкупната потрошувачка на сол и ја зголемува максималната брзина на посипување, што резултира со намалување на оперативните трошоци и негативното влијание на околината, а придонесува и за заштита на сообраќајната инфраструктура.

Како течност за посипување најчесто се користи раствор на уреа или натриум, калциум или магнезиум хлорид. Бидејќи течноста подобро прилепува на површината на сообраќајницата од сувото или мокрото зрно сол, а истовремено постигнува скоро совршено прекривање, со течното посипување се остварува продолжување на ефектот на посипување односно поголема резидуална соленост на сообраќајницата.

Доколку технологијата за течно посипување е прикладна за временските услови и поддржана со локалната законска регулатива за одржување на сообраќајниците, RASCO LIQUID линијата посипувачи е најдобро решение за тоа.

Комбинирано посипување

Доколку со едно возило се одржуваат прометни патишта во променливи климатски услови, технологијата на комбинирано посипување нуди флексибилност при изборот на суво, мокро или течно посипување без вложување во повеќе специјализирани посипувачи. Комбинирањето на суво, мокро и течно посипување во еден уред ја намалува вкупната потрошувачка на материјал за посипување, овозможува подобра прилагодливост на променливите временски услови и ја зголемува искористливоста на возилата на зимските служби.

RASCO SOLID C посипувачот е решение за комбинирано посипување. Кога се користи технологијата на суво или мокро посипување, SOLID C има еднакви карактеристики како SOLID посипувачот, додека при прскање со течност се однесува еднакво како и LIQUID посипувачот.

Комбиниран камионски посипувач за сите временски услови

Со доаѓањето на зимската сезона, заштедата на време и ресурси е еден од главните критериуми при изборот на опрема за работа на зимските служби. SOLID C семејството на RASCO посипувачи претставува решение за комбинирано посипување. Можноста за комбинирање на три различни технологии на посипување нема влијаено на конструкцијата ниту пак на квалитетот на SOLID C посипувачите. Изведбата на посипувачите зависи од изборот меѓу пет достапни системи за транспорт на сувото средство (транспортен полжав, двоен транспортен полжав, лента, синџир или синџир со спуштено дно) во комбинација со течното посипување.

Со капацитет за суво средство од 3,5 до 12 m3 и 2.000 до 9.680 литри резервоар за течно средство, SOLID C идеално е решение за зимско одржување на подрачја со променливи временски услови. Големиот магацин за суво средство и широкиот избор резервоари за мокро и течно средство ги прават SOLID C посипувачите модуларни уреди за зимско одржување. На барање на купувачите, SOLID C е можно да се опреми и со систем за течно посипување со два различни вида течно средство.

Конструкцијата и управувачката единица на посипувачот овозможуваат посипување со соодноси на суво и течно средство од 0% до 100%. Сувото и мокро посипување се врши со чинија за посипување, додека течното посипување е можно со чинија за посипување и со помош на рампа со млазници.

Монтирањето и демонтирањето на посипувачот на возилото е едноставно благодарејќи на системот нозе за монтирање и брзи спојници, додека единствената површинска заштита гарантира долг животен век на уредот. Посипувачот може да биде задвижуван со хидрауличен систем вграден на возилото или со помош на посебен дизел-хидрауличен агрегат вграден на посипувачот.

Технологија на течно посипување со RASCO посипувачи и мешалки на раствор

Покрај постигнувањето на поголема ефикасност во користењето на материјалот за посипување, технологијата на течно посипување се одликува и со поголема можна брзина на посипување, која може да биде и двојно поголема од брзината што може да се постигне со користење на суви или мокри материјали. Со тоа, освен заштеда на материјал, се постигнува и заштеда во оперативните трошоци за посипување.

LIQUID посипувачите ја имплементираат технологијата за течно посипување за превентивно прскање на коловозот пред замрзнување или за одмрзнување на веќе замрзнати сообраќајници. Посебно конструиран како мултифункционален уред, LIQUID е можно да се користи и на лето како резервоар за вода во комбинација со преден мијач вграден на возилото. Покрај за прскање на сообраќајници, LIQUID може да се користи и за одмрзнување на сообраќајните знаци во зима и одржување на тешко пристапни површини покрај сообраќајниците со помош на вградениот рачен мијач.

Дистрибутивниот систем на LIQUID посипувачите е изведен во облик на рампа со систем млазници со варијабилен проток. Ова патентирано решение овозможува висока прецизност на посипување при големи брзини на движење на возилото на кое посипувачот е вграден. Два различни типа на млазници, од кои еден се користи за посипување непосредно зад посипувачот, а вториот за посипување на левата и десна лента, даваат можност не само за широка површина на посипување туку за и прецизна контрола на асиметријата на посипување.

Сите клучни карактеристики на RASCO посипувачите, како што се едноставното управување со функциите на посипувачот, брзото и безбедно вградување на различни возила и единствениот систем на површинска заштита се среќаваат и кај LIQUID посипувачите. Покрај функционалната конструкција, високиот квалитет на изведба и ниските трошоци за одржување, LIQUID посипувачите се доверливо мултифункционално решение за зимско и летно одржување на сообраќајната инфраструктура.

MMS е уред за подготовка на раствор (CaCl₂, NaCl, MgCl₂, уреа) за мокро или течно посипување на сообраќајниците. Го овозможува растворањето на материјалот за посипување со создавање вител во внатрешноста на резервоарот со користење на пумпа со висок проток. Пумпата автоматски ја меша течноста, а кога ќе се постигне саканата концентрација на раствор истата пумпа се користи за полнење на посипувачот или за префрлање на подготвениот раствор во дополнителните резервоари. Тие можат да бидат со зафатнина до 50.000 литри и опремени со сопствени пумпи кои овозможуваат одржување на концентрацијата на раствор и го спречуваат таложењето на материјалот при долги периоди на складирање.