Renault T 430 6×2 Banque de France

Колку тежи килограм пари?

Не е лесно да се биде ограбувач на банки, бидејќи француската централна банка Banque de France има специјални камиони. Колку точно не кажуваат ниту банкарите ниту од Renault Trucks, кои за специјално по нарачка развиените блиндирани транспортери на пари наведоа само дека се базирани на T 430 во конфигурација 6×2 и дека имаат воздушно ослонување со помош на кое се намалува целокупната височина на возилото за да може да стигне и до згради со пониски приоди или подруми. Стандардниот T 430 6×2 располага со 11-литарски Euro 6 мотор со 430 KS и 12-степен автоматски менувач. Доаѓа со вкупно 10 различни меѓуоскини растојанија, тежок е 26 тони и има носивост од скоро 18 тони. Колку е тоа изразено во евра не знаеме, но од интернет дознавме дека милион долари во банкноти од по 20 долари тежат само 50 килограми и дека во еден кубен метар собира скоро 20 милиони долари во такви банкноти.

renault_trucks_t_road_27