Репортажа за RTB Bor Group

Зголемување на производството, намалување на трошоците

► Во соработка со Metso, српскиот рудник за бакар РТБ Бор, во времeнски период од пет години, целосно ги обнови погоните за производство во најголемиот коп, Велики Кривељ. Добиениот резултат значи поголем проток и зголемена обработка на руда, со помала потрошувачка на енергија


Сместен во источниот дел на Србија, со историја богата 112 години, целосно обновениот производител на бакар, РТБ Бор денес е најголем и најефикасен рудник во регионот. Од неколкуте површински и подземни ископи помеѓу кои најголемиот е Велики Кривељ, годишно се преработуваат преку 40 милиони тони руда и јаловина. Кон овој гигантски комплекс припаѓа и рудникот Мајданпек кој од Бор е одалечен 80 километри.

Krivelj-8

Партнерство од 90 години

Во РТБ Бор сеуште е во функција конусна дробилка која е произведена во 1927 година. Подобра референца за долгогодишната соработката помеѓу Metso и српскиот рударски комплекс, и не може да се испорача.
Со новата стратегијата за развој успешната историја помeѓу старите партнери се ефектурира со целосно обновување на линијата во Велики Кривељ: целосно е обновен погонот за дробење, обновени се старите млинови со инсталација на новодизајнирани гумени млински облоги како и системот за класифицирање. Во иста функција е изградена и целосно новата флотација со современа автоматика која овозможува поголема пропусна моќ и поголема енергетска ефикасност по тон преработен бакар. Целиот систем е дизајниран да работи без паузи. Тој факт како и енергетскста ефикасност на системот, во период на флуктуирачки цени на бакарот, се покажува како неопходен за воведување на идентични решенија и во останатите копови кои се во склоп на РТБ Бор.

Позитивен импакт врз економичноста на рудникот

HP5Задачата на Metso беше во РТБ Бор да понуди интегрално решение кое го опфаќа целиот процес започнувајќи од ископот на рудата па се до неговата филтрација. Притоа е внимавано на максимална употребата на постоечката инфраструктура и на минимизирање на нови инвестирани средства. Проектот е спроведен во неколку фази внимавајќи притоа производниот процес да не се прекинува воопшто.
Првиот чекор е направен со заеднички сили на сервисот на РТБ Бор и тимот на Metso, при што е ремонтирана примарната конусна дробилка Allis Chalmers со димензии 48×74 инчи. Во втората и третата фаза е извршена анализа на постоечките постројки за дробење и просејување. Притоа поради укажаната потреба за постигнување на поголем капацитет, поситен производ како и стабилно произвотство, инсталирани се три Nordberg HP6 дробилки, се со цел понатамошна оптимизација на капацитетот на секцијата за дробење.
Во следната фаза беше направена симулација на трите идентични линии за мелење на рудата кои се состојат од примарен млин со шипки и секундарен млин со кугли, со цел да се подобри мелењето беше направен нов дизајн на системот за класифицирање како и гумени облоги на млиновите со кугли.
Во системот на флотацијата се вклучени вкупно 23 Metso RCS100 флотирачки ќелии како и 16 RCS40 кои се инсталирани за флотирање на рудата од Велики Кривељ и Церово. Деликатноста на операцијата се огледа во фактот што монтажата на новата опрема се одвиваше во седум фази а производниот процес воопшто не беше прекинуван.

Proces-i-proizvodi-157
Благоје Спасковски, генералниот менаџер на RTB Bor Group, ги објаснува постигнатите резултати од соработката со Metso: “Со помош на Metso ние сега сме во можност да го прилагодиме производството на минерали до граница на низок процент на бакар како и да го зголемиме постоечкото производство од 8.4 милиони тони за додатни 6 милиони тони, и тоа со истата инфраструктураа и со иста потрошувачка на енергија“.
Во економичноста на РТБ Бор, продолжува тој, позитивното влијание се огледа во 15 процентната заштеда во процесурирањето на еден тон бакар, а тоа е остварено благодарејќи на опремата од Metso. Сето тоа без додатни инвестиции во нови објекти и со оптимизација на постоечката инфраструктура.
“Во мојата долгогодишна кариера на над 40 годишно искуство во обработка и флотирање како и во отварањето и работењето во девет различни рудници, можам да кажам дека Metso решенијата за процесна опрема се признати насекаде во светот, со локално присуство и експертизата на севкупниот процес, нив ги прави долгорочен партнер и глобален лидер во овој сегмент“

Metso HP6 дробилка, докажан чекор напред

Главниот чекор кон оставрување на проектот беше замената на старата дробилка Allis Chalmers со Nordberg HP6 конусна дробилка. Всушност, денешните HP6 можат да заменат две па дури и три стари дробилки. Дробилката овозможува намалување на големината на производот на линијата на дробење од 25 на 16 мм. Тоа воедно значи видна заштеда на електрична енергија која игра најважна улога во производниот процес на секој рудник.
Една од клучните улоги во проектот за реновирање на РТБ Бор вклучуваше монтирање на млинови со вградување на новдизајнирани гумени млински облоги во старите Allis Chalmer дробилки. Тој потег овозможи двојно зголемување на векот на траење на системот за мелење што беше доволна причина за вградување на ова решение во сите постоечки млинови во Велики Кривељ и Церово.

20110523_009

Автоматиката овозможува брза реакција

Нововградената автоматика, вклучувајќи и компоненти од Metso, беше исталирана помеѓу 2013 и 2015 г. а како составен дел од флотацијата испорачаниот PLC систем ги собира сите податоци од процесот исто како и OCS (Optimizacion Controlling System) кој работи во тандем со VisionFroth системот и вградените камери разместени низ главните точки на флотацијата, овозможуваат поптолна контрола на сите параметри на производството.
Заедничката работа на вградената автоматика овозможува следење на параметрите на флотацијата во реално време, и по потреба, брз реакција во смисла на промена на градацијата на рудната маса. Оваа операција овозможува, после флотацијата зголемување на процентот на бакар за повеќе од 20%.

Vertimill ја зголемува обновата на згура

Првата фаза од преработка на згурата се однесува на дробењето и мелењето во производната линија. Згурата која се добива после бакарната топилница, иницијално се дроби со Symons дробилка произведена во 1927 г. а потоа со нова Metso HP200 конусна дробилка која работи во затворен круг со Metso сито CVB. Финото мелење се изведува со Metso Vertimill VTM400 и тоа до големина од P80 од -40 микрона, со капацитет од 42 метрички тони по час.
Вертикалната мелница VTM400 лесно се монтира и одржува, тивко работи и воопшто не вибрира, притоа таа работи со релативно мал електромотор од 340 kW. Иако е видно поштедлива, според тврдењето на одговорните инженери, после илјади работни часови двојно се зголемува преработената бакарна згура, а тоа е посебно важно поради фактот што таа содржи бакар во количини од 1.6-1.8%.

Sliki 066