Rhinophalt

Со наука против дупките

Британската компанија ASI Solutions има интересно решение за превенција на настанувањето на дупките на асфалтот

Дупките на патиштата не се само опасни за возилата, односно гумите и ослонувањето, туку неретко предизвикуваат и несреќи. Настануваат како резултат на ерозијата на материјалот – некогаш на површинскиот слој, но често и на оној под него. Во тој случај се создаваат празнини под површината на патот и на тие места асфалтниот слој едноставно пропаѓа, создавајќи вдлабнатини, главно со остри рабови. Поправката на ваквите потповршински оштетувања е долготраен и скап процес бидејќи треба не само да се санира дупката, туку да се отстрани и причината за нејзиното настанување. Ако не се стори тоа, таа по некое време повторно ќе се појави.

IMG_7262-Large copy

Британската компанија ASI Solutions има развиено интересно решение за превенција на настанувањето на дупките на асфалтот. Материјалот е наречен Rhinophalt и изворно е направен за брза и долготрајна заштита на аеродромските писти. Делува на тој начин што со негово нанесување на површинскиот асфалт се создава заштитен слој кој штити од негативните влијанија на водата и сончевите зраци, со што се предизвикува претворањето на битуменот во прав. Според нив, со еден третман векот на асфалтираниот слој се продолжува за 3 до 5 години. Средството воопшто не е евтино, но од компанијата тврдат дека со третман на секои 5 до 7 години треба да се очекува заштеда од околу 40% на трошоците за репарација за времетраење на асфалтираната површина од две децении.

Ниту нанесувањето не е евтино и едноставно. Имено, бидејќи принципот на делување му е со хемиска пенетрација и врзување со битуменската смеса, мора да се нанесува во вид на спреј со константна брзина од 8 километри на час. Камионите со кои се нанесува мора да бидат преправени и опремени со специјални додатоци за тоа – цистерна, хидрауличен систем за нанесување на средството и слично. Сето тоа е скапо, но има и една голема предност – камионот за една смена може да помине едвај 64 работни километри со брзина малку поголема од онаа на човечки од, што значи дека и после години и години работа ќе биде како нов. Интересен факт е дека во Европа постојат само три камиони кои се опремени на ваков начин. За цената на преправките подобро не прашувајте.

IMG_7261 copy