Иднината пристигна порано
► Првиот потполно автономен камион на шведската марка веќе е реалност
Веќе видовме автономни камиони, но ваков не – првиот на Scania со ознака AXL нема кабина бидејќи нема возач – за управувањето се грижи интелигентната електроника со помош на камери, сензори, радари и ГПС систем. За погон е задолжен мотор кој работи на биодизел. Ваков каков што е, Scania AXL е идеална работна машина за каменоломи и затворени градилишта каде условите за негово користење се контролирани. На тој начин без законски и друг вид пречки ќе можат да се соберат доволно податоци за истражувачките тимови да одговорат на бројните нерешени прашања пред автономните камиони да можат да се најдат и на јавните патишта.