Scania нова генерација

Повеќе од нов камион

Интересна вест за оние кои сакаат нова Scania а немаат можност за неа – новата генерација на камионите на шведскиот производител ќе се појави во широкопопуларниот Euro Truck Simulator 2 пред летото

Тимот од SCS Software кој ја развива оваа видео игра веќе го посети демо центарот на Scania за да се запознае со кабините на новите S и R серии до најмалиот детаљ. Ние можеме да се запознаеме со нивната работа преку оваа најава.