Schmitz Cargobull киперски надградби M.KI

Превоз и истовар со кипање

Германската фирма за изработка на носечки камионски структури, полуприколки и приколки може да се пофали со традиција од преку 120 години. Од широкиот спектар на производи кои актуелно се произведуваат се задржуваме на киперските приколки од серијата M.KI

_b16dd5d113bb2e47b716d845f53e5143Schmitz Cargobull е независен производител кој своите нови производи ги конструира во соработка со најголемите европски и светски производители на камиони, прилагодувајќи ги притоа на спецификите на секој од нив посебно. Од серијата M.KI, која е наменета за камиони со три или четири оски, се изработуваат надградби за најголемите седум производители на камиони – DAF, Iveco, MAN, Mercedes-Benz, Renault Trucks, Scania и Volvo. Приколките се наменети за превоз при изградба на патишта како и при транспорт на големите градилишта. Оваа серија се изработува во 4 должини, најкратката е 4.5 метри додека најдолгата 5.8 метри. Соодветно на тоа капацитетот на товарниот дел, до горниот раб на страницата, може да изнесува од 13.8 m3 па се до 18.1 m3. Зависно од намената дебелината на ѕидовите и подот можат да бидат изработени со дебелина од 4 до 6 mm. односно од 5 до 8 mm. Конструкциите зе дизајнираат на посебен начин со т.н. FEM (Finite Element Method) метода според која конструкцијата подолжно се заварува на помошна рамка, која потоа со специјално дизајнирани елементи се зацврстува за носечката структура на возилото. Со ваквиот начин е овозможено пониско тежиште на конструкцијата и товарот, својство кое потоа позитвно се одразува на возните карактеристики на камионот.

Hydraulische_Pendelfunktion

Се задржуваме уште малку кај носечката структура на надградбата односно кај горе споменатата помошна рамка на која е прицврстена приколката. Таа е изработена во вид на диагоналана вкрстена рамка а ја одликува екстремна торзиска цврстина. Сите елементи на прицврстување на помошната рамка со основната носечка структура на камионот, се проектираат во тесна соработка со производителот на камионот притоа почитувајќи ги сите норми и стандарди пропишани од истиот.Сосема очекувано од фирма која е светски позната на ова поле, освен запазување на високите критериуми за квалитет, не би требало да изненадат и останатите елементи кои значат префинетост при употребата како и почитувања на специфичните барања на корисниците. Во таа насока се нуди голем број на помошна опрема, како што се прекривање на товарниот простор, заштита на резервните делови и тркала, додатна заштита на задните светлосни групи, разни скалила за полесно обезбедување на товарот…

phpThumb_generated_thumbnail (1)Ако повторно се навратиме на механичките делови ќе забележиме дека M.KI надградбите истоварот го извршуваат од задната страна, која се подига со посебен хидрауличен систем. И на ова поле постојат разни изведби како што се надворешна истоварна вртата, потоа внатрешна изведба на истата како и посебни начини на отварање на истоварната порта, и сето тоа повторно во согласност со потребите на корисникот и прилагодено спрема марката на камионот.