Schmitz Cargobull на Транспорт 2016

Без добра приколка нема добар транспорт

► Додека сите погледи за унапредување на транспортот се свртени кон зголемување на ефикасноста на камионите, главниот „товар“ сепак го носат приколките


IMG_3329
IMG_3332
IMG_3348
IMG_3351
IMG_3353
IMG_3357
IMG_3358
IMG_3359
IMG_3374
IMG_3383
IMG_3385
IMG_3390
IMG_3324
IMG_3333
IMG_3335
IMG_3349
IMG_3355
IMG_3373

Транспортот, логистиката и соодветната инфраструктура ги претставуваат клучните фактори за развој на трговската размена на една земја, а со тоа и поттикнување на економскиот развој и поврзување со светските економски текови. Во таа насока се наметнува и потребата од подобрување на ефикасноста и организираноста на сите нив. И сé би било во ред во овие напори да не е испуштен од вид еден ниту мал, ниту помалку важен сегмент – приколките. За среќа, постојат фирми како Schmitz Cargobull кои далеку од фокусот на вниманието си ја вршат својата работа најпрофесионално и кои без да се бара тоа од нив, ги ослободуваат од грижи превозниците. Некои ќе кажат дека во приколките и нема некаква технологија која постојано треба да се унапредува, па заради тоа и нема потреба, ниту што често да се менува кај нив. Ако, нека мислат дека е така – оние што знаат дека тоа не е точно на годинешниот саем за товарни возила кој се одржа последните денови од мај во Скопје го посетија штандот на Schmitz Cargobull за да се запознаат со новитетите од оваа област, кои, како што рековме, без поговор си ја вршат својата работа унапредувајќи ја ефикасноста во работењето на транспортерите.

IMG_3332

А Schmitz Cargobull на саемот како специјализирана манифестација која на фирмите од овој сектор нуди единствена можност за претставување, афирмација и директен контакт со пошироката деловна јавност, се претстави со четири експонати. Ќе започнеме со најобичниот и најмалку атрактивен – S.CS 24/L – 13.62 EB полуприколката со церада. Оваа стандардна полуприколка со највисок квалитет и најразновидна примена е дел од широката понуда на вакви производи на Schmitz Cargobull. Разделени во повеќе семејства, сите се карактеризираат со модуларен систем на градба за специфична конфигурација на возилото, висока флексибилност во општиот транспорт и примена на врвна технологија за оптимална ефикасност. За инвестицијата да биде сигурна се користи поцинкувана, зашрафена шасија со гаранција од 10 години против ’рѓосување, а мноштвото додатоци и изведби специјализирани за транспорт на одреден вид стока забрзување на нејзиниот поврат и со тоа зголемување на профитот.

Една таква изведба на полуприколка со церада скроена по мерка за потребите за општ транспорт беше и вториот експонат, ултра лесната S.CS 24/L – 13.62 X-Light. Како последно технолошко достигнување во сегментот на лесни полуприколки кои овозможуваат конкурентен транспорт на поголеми тежини таа се карактеризира со сертифицирана цврстина на конструкцијата, која оптимизирана за поголема носивост овозможува при празна приколка влекачите да не носат ни килограм повеќе од потребното. Тоа ги намалува трошоците за гориво на камионот, особено при честите забрзувања и кочења при транспорт на долги и средни растојанија, а кога е потребно, достапна е дополнителна носивост од 1.240 kg. Сертификатот за осигурување на товарот DIN EN 12642 (Код XL) го намалува трошокот за негово осигурување, а транспортната практика може по желба ефикасно да се организира со помош на широката програма од дополнителните решенија: електронскиот уред за помош при возење на рампа TailGuardLight; пневматското ослонување OptiLift за автоматско израмнување на нивото при товарање и истоварање; програмата за распоредување на товарот LSP; системот за информација за приколката TIS; заштитното воздушно перниче за покривот кое на средина ја крева церадата и ја отстранува насобраната вода и со тоа го спречува формирањето мраз; електронскиот имобилизатор и друго.

IMG_3324Оние пак кои работа им е превозот на свежи и расипливи намирници какви што во Македонија ги има доста, се интересираа за S.KO 24/L – 13.4 FP 60 Cool Executive полуприколката ладилник со Schmitz Cargobull разладен уред со двоен температурен режим, која е комплетно решение од еден добавувач. Како најново достигнување во разладната технологија во комбинација со полуприколката со висок коефициент на изолација и 24-часовен мониторинг на работата на разладниот уред ги исполнува највисоките стандарди. Способноста за носење прехранбени производи и безбедноста на товарот се опширно сертифицирани, а прецизното спроведување на температурата и хигиенските стандарди на товарниот простор обезбедуваат висок квалитет на транспорт. Истовремено се штеди и време преку едноставни товарни процеси, а двојниот температурен режим овозможува транспорт на стока со различни температури („+“ и „-“). Предностите како енергетската ефикасност, лесната поправливост и добрата стабилна вредност не треба да ги споменуваме – резултатот е една целосна удобна структура на соодносот на цената и профитот што го носи.

Меѓу другите интегрирани решенија за сечии потреби за ладилници беше и последниот изложен експонат на годинешниот саем за транспорт, S.KO 24/L – 13.4 FP 60 Cool полуприколката ладилник со Thermo King разладен уред. И таа како и другите производи на Schmitz Cargobull со тврди страници се карактеризира со градба која не пропушта пареа, отпорна е на стареење и не се распрскува. Чистењето е едноставно благодарение на заварениот под кој не пропушта течности, а системот за товарање на кат и опремата отпорна на разни температури и додава дополнителна вредност во поглед на нејзината мултифункционалност.

IMG_3385

Секако, ова е само дел од огромната понуда на Schmitz Cargobull, која како фирма која редовно ги согледува состојбите во транспортно-логистичкиот сектор и предизвиците со кои се соочува оваа гранка, предвидува во која насока ќе се движат пазарните трендови и откривајќи нови можности ја прилагодува својата понуда. Иако како што споменавме професионализмот, квалитетот и компаративните предности не секогаш се во фокусот на вниманието на јавноста, тие се составен дел од приказната со наслов „без добра приколка нема добар транспорт“ пишувана од Schmitz Cargobull.