Распишан тендер за електрични автобуси во Софија
Бугарскиот главен град реши да го електрифицира јавниот превоз со набавка на 20 нископодни електрични автобуси на лизинг
Проценетата вредност на набавката е 9,5 милиони евра без ддв, а траењето на лизингот 8 години. Условите на тендерот предвидуваат 55% од поените да носат финансиските услови, 40% карактеристики на автобусите, а 5% гаранциските услови. Тие треба да бидат долги максимум 12 метри, да имаат три врати и максимална моќност од 320 kW. Набавката на автобусите се очекува да се изврши некаде во првиот квартал идната година, за време на претседателствувањето на Бугарија со Европската Унија.
Овој тендер следи по завршувањето на петмесечниот тест-период за кој кинескиот производител Yutong отстапи еден примерок од моделот Е12 на бесплатно користење во бугарскиот главен град.