Takeuchi TB216H

Takeuchi претстави хибриден компактен багер

Јапонскиот производител на градежна механизација Takeuchi го претстави моделот TB216H, прв дизел-електричен компактен багер во својата програма

Во него се вградени дизел мотор Yanmar Tier 4 Final со 14,9 KS и електромотор од 14,2 KS, кои му овозможуваат работа на отворено и во затворени простори каде заради издувните гасови на дизел машините не им е дозволен пристап. Во Takeuchi се надеваат дека за овој хибриден компактен багер ќе се заинтересираат компаниите кои во помал обем работат на повеќе локации, на кои наместо две различни машини ќе им биде доволна само оваа. Електромоторот користи трифазна струја со напон од 400 до 480 V. Кога кабелот е прикачен, дизел моторот автоматски се исклучува. За полесно одржување, електромоторот може да се демонтира од машината. Оперативната тежина му изнесува 1.940 килограми, длабочината на копање 2,4 метри а дофатот 4,1 метар.

TakeuchiTB216H copy