Такси превоз

Услови и начин на вршење на дејноста авто-такси превоз

Со законска регулатива во Република Македонија уредено е кој и под кои услови може да се занимава со авто-такси превоз на патници

Сведоци сме на секојдневниот метеж во сообраќајот, посебно низ улиците на нашиот главен град, Скопје, каде што се движат, запираат и паркираат голем број на такси возила, кои со своето непрописно запирање, паркирање и тргнување придонесуваат за директниот хаос и неред во сообраќајот. Со непрописното однесување директно се попречува нормалното одвивање на сообраќајот, се нарушува безбедноста како на сите ученици во сообраќајот, така и на самите такси возачи кои освен својата и безбедноста на патниците кои ги превезуваат ја загрозуваат и безбедноста на другите ученици во сообраќајот.

Авто-такси превоз на патници се извршува врз основа на лиценца и претставува превоз што се врши со патнички возила со најмногу пет седишта, сметајќи го и седиштето на возачот.

Со авто-такси превозот се превезуваат патници внатре во подрачјето определено со лиценцата. Со авто-такси превозот можат да се превезуваат и патници од подрачјето определено во лиценцата до друга општина или до Градот Скопје, при што во спротивен правец можат да бидат превезувани само патниците кои биле одвезени.

Покрај условите за вршење на авто-такси превоз на патници пропишани со одредбите на Законот за превоз во патниот сообраќај, авто-такси превозниците мораат да ги исполнуваат и условите пропишани од страна на советот на општината или на Советот на Градот Скопје.

taksiznak

Со актот на советот на општината или на советот на Градот Скопје особено се утврдуваат условите во врска со:

  • локацијата и капацитетите на такси станиците (уреден простор наменет за паркирање на патничките возила кои чекаат позив за превоз)
  • обележувањето и опремувањето на такси станиците
  • бројот на возилата
  • тарифата и начинот на користење на такси станиците и
  • максималниот број на такси возила со кои може да се врши авто такси превоз на патници

Притоа, определените такси станици можат да ги користат само авто-такси превозниците кои имаат лиценца од општината на чие подрачје имаат седиште.

Во општините каде има аеродром, такси станицата не може да биде определена во просторот со кој стопанисува претпријатието со аеродромот.

Претпријатието кое стопанисува со аеродромот може да склучи договор за услуги за превоз на патници од и до аеродромот со една или повеќе такси компании, при што начинот на користење на просторот со кој стопанисува претпријатието се уредува со договорот за услуги.

Претпријатието кое стопанисува со аеродромот е должно да обезбеди пристап до аеродромскиот патник заради непречено слегување на патниците кои се превезуваат до аеродромот. Авто такси комапаниите кои вршат ваков превоз до аеродромот, а немаат склучено договор со претпријатието кое стопанисува со аеродромот, по извршената услуга се должни веднаш да го напуштат аеродромот.

При вршење на авто-такси превоз во возилото мора да има вградено исправен, пломбиран и баждарен таксиметар.

При вршењето на превозот задолжително мора да биде вклучен таксиматарот и цената на превозот да се наплатува врз основа на износот утврден во таксметарот со издавање на фискална сметка.

На покривот на возилото и на бочните страни со кое се врши авто-такси превоз на патници мора да биде истакната називот “TAXI”, а на бочните страни и бројот од регистарот на такси превозниците.

Во возилото задолжително на видно место над таксиметарот треба да биде истакнат ценовник со утврдени тарифи за чинење на превозот и извод од лиценцата за возилото со кое се врши превозот истакнат на ветробранското стакло од страната на возачот.

Unificirani avto taksi oznaki (5)

Инспекциски надзор над авто-такси превозот на патници што се врши на подрачјето на општината го вршат овластени инспектори за патен сообраќај на општината и истите имаат право да донесат решение за исклучување на возило од сообраќај со одземање на регистарските таблици и сообрќајната дозвола, доколку превозникот врши авто-такси превоз без лиценца, доколку нема вградено исправен, пломбиран и баждарен таксиметар со издавање на фискална сметка и доколку истиот не е вклучен, и други неправилности.

Со глоба во износ од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност му се изрекува на правното лице за прекршок ако:

  • врши авто-такси превоз на патници без лиценца
  • при вршење на авто такси превозот во возилото нема вградено исправен, пломбиран и баждарен таксиметар со издавање на фискална сметка
  • при вршење на превозот не е вклучен таксиматарот и цената на превозот не се наплатува врз основа на износот утврден во таксиматарот
  • на покривот на возилот со кое се врши авто-такси превозот не е истакнато називот “TAXI”