Која е разликата во забрзувањето меѓу дизел и електричен влекач?
Струјата уште не е дојдена меѓу камионите, главно заради тежината на батериите, но кога ќе дојде многу нешта ќе се прoменат
Toyota експериментира со камион со технологија на горивни ќелии со која би се елиминирала потребата од тешките батерии – електричната струја место да се складира во нив, би се произведувала „на самото место“, од водород. Но поентата на ова видео е да ги прикаже разликите во забрзување на дизел и електричен влекач, и двата со иста вкупна маса и слична моќност.