…или како веќе ќе се вика
Уште малку време остана до претставувањето на електричниот камион на Tesla
Месецов ќе остане вечно запишан во историјата на транспортот – Tesla ќе го претстави својот електричен влекач. Но како се доближува терминот кој сé уште точно не е познат, така помалку спласнува ентузијазмот. Главната причина е автономијата – според најавите овој камион ќе може да помине само меѓу 300 и 500 километри. Превозниците не се среќни со ова, но од Tesla велат дека 30% од транспортот во САД отпаѓа на релации меѓу 150 и 300 километри.
Освен оваа затемнета фотографија, за овој влекач официјално ништо друго не е објавено.