Tesla

Прва фотографија од електричниот камион

Закажан за претставување на 26 овој месец, камионот на електричен погон на Tesla сé уште е мистерија

Следниот производ што на пазарот ќе го исфрли Tesla ќе биде електричниот камион, за кој многу малку се знае. Сите технички детали засега се обвиени со велот на тајната – во јавноста се појави само неговата автономија која треба да изнесува меѓу 200 и 300 милји (320-480 километри). Ниту изгледот не беше познат сé до појавувањето на оваа фотографија од тест патеката каде се вршат неопходните испитувања. Не е познато ниту кога ќе биде достапен за продажба, ниту пак по која цена.