ТИР конвенција

Билет за сите порти

Возилата кои носат ознаки ТИР претставуваат дел од меѓународни прифатени стандарди и принципи за работењето на превозниците при вршење на патен транспорт на стока


Што значи кратенката ТИР? Зборот ТИР е француска кратенка за меѓународен транспорт на стоки по пат. Примената на ТИР системот се наметна од ограничувачките национални процедури на секоја земја, односно во отсуство на ТИР системот при пристигнувањето на стоката на територијата на една земја, царинските органи ги применуваат националните процедури и постапки, кои се разликуваат во секоја земја и притоа се бараат царински гаранции, депозити и други документи за покривање и плаќање на царинските давачки и такси во случај стоката да остане во земјата при нејзиното транзитирање. Овие мерки водаа до големо задржување на транспортот на границите и создаваат значителни трошоци за транспортерите. 2000px-Tir_Plate.svgЗа да се избегнат ваквите проблеми со кои се соочуваа превозниците, а во исто време да се овозможи на царинските органи замена на националните процедури со меѓународни процедури во 1975 година со овластување на Економската Комисија за Европа при Обединетите Нации беше елаборирана царинската конвенција за меѓнароден транспорт на стока, кога и беше генериран т.н. ТИР систем. Во светот постојат вкупно 61 земја која е договорничка на ТИР конвенцијата, од кои најголем дел припаѓа на европските земји, меѓу кои и Македонија.

Примената на ТИР системот има доста позитивни страни, меѓу кои најзначајни се:tir-video_0

  • транспортот и трговијата се олеснуваат
  • преку намалување на формалностите и задржувањето при транзитирањето на стоката, се намалуваат и транспортните трошоци на транспортерите
  • работата на царинските органи се поедноставува
  • со примена на унифицирани стандарди се развива меѓународната трговија, како и други предности на овој систем

Основните постулати на кои се базира ТИР системот се:tir-carnet-66604258

  • безбедни возила или контејнери (превозот на стоки најчесто се врши во пломбирани контејнери)
  • преку меѓународниот синџир на гаранции се врши покривање на нерегуларностите или пропустите во ТИР процедурите, доколку ги има
  • ТИР карнет (превозот на стоката е покриен со контролен документ наречен ТИР карнет, прифатен од царинските органи при поаѓање, транзит и одредиште)
  • со заемното признавање на царинската контрола на замјите потписнички не се врши физички преглед на стоката од страна на царинските органи и
  • контролираниот пристап на ТИР системот е овозможен од државните органи и националните асоцијации за издавање на ТИР карнети

Од тука произлегува констатацијата дека користењето на ТИР Карнетите им е доверено само на реномирани превозници, со што се зголемува и безбедноста на овој систем.

1670Со примената на ТИР системот се олеснува движењето на стоки со царински пломби во меѓународната трговија, се обезбедуваат царински гаранции и безбедност при транзитирањето на транспортот низ земјите кои се потписнички на оваа конвенција.