Том Морленд клучка, Атланта

Шпагети раскрсница, ќофте сообраќај

Кој и да победи на изборите во САД, идниот американски претседател ќе мора да се занимава и со „размрсување” на раскрсниците низ земјата


Ова што го гледате е Том Морленд клучката меѓу патиштата I-285 и I-85 североисточно од Атланта, Џорџија, доста фигуративно наречена „шпагети”. Таа веќе неколку пати од американскиот институт за истражување на транспортот ја добива неславната титула за најлошо тесно грло во Соединетите држави. Овој институт ја прави својата листа врз основа на ГПС податоци од повеќе од 600.000 тешки камиони анализирајќи го сообраќајниот метеж на околу 250 локации, со финансиска поддршка од федералната агенција за патишта. Низ клучката меѓу двете сојузни магистрали која има 14 моста, пет нивоа и на некои места дури 18 ленти, дневно поминуваат и до 300.000 возила. Скоро девет часа во текот на денот на неа владее сообраќаен метеж, со застои кои сериозно го нарушуваат протокот на возила. Бидејќи на камионскиот транспорт во САД отпаѓаат 70%, со право се очекува властите посериозно да се зафатата со долгорочни и значајни инфраструктурни инвестиции за да се обезбеди безбедно и ефикасно движење на стоките како национален приоритет.

Tom Moreland Interchange 2