Причина: Не се знае дека ги задоволува австралиските стандарди
Заради тоа што не е означено дека ги задоволува тамошните стандарди, Toyota е принудена да го повлече HiLux од Австралија
Toyota HiLux е едно од најдоверливите возила што парите можат да го купат, но не е имуно на пропусти заради човечка грешка. Во тоа се уверија австралиските купувачи кои своите возила ги набавиле меѓу 9 и 15 септември лани – вкупно 15 од нив. Да, добро прочитавте – на сервис за отстранување на пропустите се повикани точно петнаесет сопственици на Toyota HiLux во Австралија. Причината заради која одговорните државни служби им наложија на продавачите на Toyota бесплатно да го сторат тоа е недостатокот на задолжителните налепници со кои се потврдува дека возилото ги задоволува австралиските стандарди.