Toyota Hiace

Шеста генерација

Toyota Hiace на европскиот пазар не е присутна од 2012 година, но овој модел сé уште е достапен во Азија, Африка, Латинска Америка и на Блискиот Исток, каде освен под називот Hiace во некои земји е познат како Quantum

Важи за доста издржливо доставно возило, но за да биде со чекор со времето Toyota полани после цели 15 години на пазарот ја претстави неговата шеста генерација. Така Hiace сега доаѓа со значително зголемени димензии и поголема носивост односно патнички капацитет. Достапен е во изведби со должина од 5,27 и 5,92 метри и височина од 2 односно 2,28 метри. За погон на овој модел се користат бензински 3,5 литарски V6 и четирицилиндрични дизел мотори со работна зафатнина од 2,8 литри, кои се достапни со 6-степен мануелен или автоматски менувач. Потребно е да се истакне дека Hiace е поставен на новата TNGA платформа, со што значително се намалени вибрациите и бучавата, а подигнато нивото на удобност и безбедноста.

Toyota ја претстави првата генерација на Hiace уште во 1967 година, од кога се продадени повеќе од 6 милиони примероци.