Трактори на годината 2017-та

Сон на секој земјоделец

Како што постојат разни меѓународни избори на автомобил, камион, автобус или било што, така се одржува и избор за трактор на година TOTY (Tractor of the Year), за кој одлучува независно стручно жири

Изборот постои од 1998 година и го вршат 24 новинари од 23 држави (Германија има двајца претставници), што ја следат земјоделската механизација, Организатор на изборот е италијанската ревија Trattori. Се прогласуваат победници во 4 категории. За титулата трактор на годината (за отворено поле) се оценуваат моторот, трансмисијата, електрониката, хидрауликата, кабината, иновативните технички решенија, опциите, дизајнот и употребливоста. Генерален победник и носител на годинешната титула е Case IH Optum 300 CVX.

Case-IH-Optum-300-cvx_1

Case-IH-Optum-300-cvx_4

За категоријата повеќенаменски и услужен трактор тој треба да има преку 70 KS, максимално 4 цилиндри и работна тежина до 8.500 kg. Се оценуваат моторот, трансмисијата, хидрауликата, удобноста, иновативните техничка својства, опциите, дизајнот и сестраноста. Според мислењето на жирито, во овој категорија најдобар за 2017 година е New Holland T5.120.

New-Holland-T5.120_1

New-Holland-T5.120_2

Кај наменските трактори за овоштарници, лозја и ридско-планински услови на работа се оценуваат моторот, трансмисијата, удобноста, маневарските способности и дизајнот. Годинава најдобар во оваа категорија е Antonio Carraro Tony 9800 TR.

TONY_9800_TR_1_kamioni_ba[1]

TONY_9800_TR_3

Заради тоа што дизајнот станува сé побитен и кај тракторите, воведена е и категорија за најдобар дизајн, во која победи Deutz-Fhar 6215 RC shift.

Deutz-Fahr-6215_1