Transit Elevated Bus

Сепак сé испадна голема измама

Идејата за револуционерно смалување на сообраќајните гужви со еден ваков автобус заврши со апсења

Еднаш не така одамна, нема ни година дена, се роди сјајна идеја за автобус на иднината кому сообраќајните гужви не му можат ништо. Беше замислен да вози над две коловозни ленти, а автомобилите да поминуваат под него. И сé ќе беше одлично да не се покажеше дека тој сепак е само една голема измама. Вешто изведена, мора да признаеме, бидејќи благодарение на иновативноста на решението и прикажаниот концепт кој беше функционален, од потенцијалните инвеститори беа собрани неверојатни 1,3 милијарди долари. Но наместо во развојни центри и производствени погони, тие завршија во џебовите на оние кои ја пласираа идејата, а сега се зад решетки бидејќи кинеските власти започнаа да ги апсат.